Сè помалку луѓе сакаат да имаат бебиња на помлада возраст. Но, дали тоа е навистина добро за децата? Научниците од различни земји се заинтересираа за ова прашање и направија обемни истражувања за процена на интелигенцијата на децата во врска со возраста на нивните родители и други фактори.
1. Интелигенцијата на бебињата зависи и од возраста на родителите
Децата имаат околу 70 мутации што нивните родители ги немаат. А повеќето од нив ги носи спермата, не јајцето: колку е постар мажот, толку повеќе мутации им пренесува на своите деца.
Бројот на мутации е директно поврзан со когнитивните способности. Колку повеќе мутации, толку е помала веројатноста човекот да се развие интелектуално на нормален начин. Ова се проценува со редовни тестови за интелигенција, тестови за ментални функции и тестови за читање. Со други зборови, лошо е за децата ако таткото е постар.
Работите се малку поразлични кога станува збор за возраста на мајката. Колку е постара жената, толку е поголема интелигенцијата на нејзиното дете. Истражувачите мислат дека не станува збор само за гените, туку и за социјалните фактори: постарите жени се подобро образовани, поискусни, знаат што сакаат и веројатно нема да бидат премногу авантуристички настроени.
На еден или на друг начин, статистички, децата на младите мајки се развиваат побавно.
2. Генетичките тестови се добра идеја
Ова е дијаграмот на наследството на некои генски заболувања, како што е цистична фиброза и сензоневралното губење на слухот.
Тестовите ја проверуваат вашата ДНК за присуство на некои генски болести (ова се прави пред бременоста) или ДНК на ембрионот додека е во матката на мајката. Резултатите ќе покажат веројатност дека детето ќе има некоја болест.
Пред бременоста тестот ја проверува вашата ДНК за присуство на одредени нарушувања, кои можеби не знаете дека ги имате. Експертите ќе ја проценат веројатноста дека вашето дете ќе го има овој ген.
Ова се случило со Шерон Бернарди, Американка што изгубила 7 деца под 2-годишна возраст. Секое од нив го имало Леи синдромот, кој влијае врз централниот нервен систем. И покрај тоа, Шерон и нејзиниот сопруг се обиделе да добијат здраво дете. Само едно од седумте деца успеало да преживее до 21 година. Момчето цело време морало да зема лекови и имало напади.
3. Развојот на детето е поврзан со стресот на мајката во текот на бременоста
За да бидете сигурни дека централниот нервен систем се развива правилно, мозокот треба понекогаш да доживее стрес. Но, важно е да не претерувате: премногу вознемиреност нема да ви донесе добро.
Тргнувајќи од оваа идеја тим од Универзитетот „Џон Хопкинс“ анализирал неколку бремени жени, секоја имала факултетско образование и била физички и ментално здрава. За време на бременоста и кога децата имале 2 години, експертите го процениле нивото на стрес кај жените и когнитивните способности кај нивните деца. Тие откриле дека децата чии мајки имаат ниско или умерено ниво на стрес биле интелектуално и физички понапредни. И обратно: ако жената била под голем стрес, нејзиното дете било помалку развиено од другите деца.
Според тоа, научниците го извлекле следниов заклучок: развојот на мозокот кај децата се подобрува само ако мајките имаат умерено ниво на стрес во текот на бременоста.
4. Нивото на стрес кај бремената жена влијае и врз темпераментот на нејзиното идно дете
Во минатото се верувало дека темпераментот на луѓето е нешто со кое се родени и дека на него не може да се влијае. Сега овој концепт се менува: експертите активно го проучуваат развојот на фетусот во матката на мајката и наоѓаат сè повеќе докази дека ембрионите можат да го почувствуваат стресот кај нивните мајки и да преземат дел од него.
Во еден од експериментите научниците гледале 50 бремени жени. Тие го следеле срцевиот ритам додека го правеле тестот „Строп“ (што предизвикува помала вознемиреност). Ако жената била депресивна или имала покачено ниво на вознемиреност пред тестот, тестот предизвикувал сериозно зголемување на отчукувањата на срцето. Се разбира, се зголемил и срцевиот ритам на фетусот.
Значи, ова е заклучокот до кој дошле научниците: ако фетусот реагира на стресот на мајката со значително зголемување на отчукувањата на срцето, постојат шанси детето да биде хиперактивно.
Се разбира, овие фактори не се единствените што се во игра. Многу други работи можат да влијаат врз нивото на интелигенција на бебето. На пример, на бремените жени не им се препорачува да живеат во куќи со стари цевки или каде што ѕидовите биле исфарбани пред околу 20 години затоа што во тој случај може да има покачено ниво на олово во воздухот.
Други експерти предупредуваат дека пред бременоста жените треба да ја проверат тироидната жлезда: ако таа не функционира правилно, детето веројатно ќе има пониско од нормалното ниво на интелигенција. Како и да е, лекарите препорачуваат родителите да бидат многу сериозни во врска со добивањето деца: подобро е да се преземат неопходните чекори за подобрување на атмосферата за одгледување деца и да не се пропуштат најважните.
912