Игротека

Работи за бебиња што никогаш не се користат, а сите ги купуваат

Пренесуваме листа со најчестите „непотребни“ работи кои родители ги купуваат затоа што мислат дека мораат, а на крајот само им фаќаат простор и се залудно потрошени пари.

Грејач за шишиња – во теорија супер, но во практика повеќето користат топла вода од чешмата или од микробранова.

Стерилизатор за цуцли/шишиња – детергент и врела вода најчесто се сосема доволни.

Посебна маса за пресоблекување – повеќето бебиња ги пресоблекуваат на кревет, на подот или на машина за перење со подлога. Масата најчесто завршува како полица за пелени.

Чевлички за новороденче – изгледаат преслатко, но бебето ги соблекува за 3 секунди, ги губи во количката или никогаш не ги облекува.

Облека со милион копчиња – интересно и модерно изгледа, но кога во 3 наутро се обидуваш да закопчаш 7 копчиња, повеќе не ги сакаш.

Посебен сет за хранење– силиконски чинии, чинии со шарени мотиви, а детето сепак јаде од твојата чинија и со прсти.

Монитор со камера и сензори за движење – ако живееш во стан, лесно ќе го чуеш бебето и без монитор.

Посебна канта за пелени – елегантна и скапа, но сепак мириса. Повеќето родители преминуваат на обични кеси и редовно фрлање.

Преголем број играчки за новороденче – новороденчето најмногу гледа во лицето на родителите, таванот и црно-бели контрасти. Музичките ѕвезди почесто го нервираат отколку што го смируваат.

Извор

Поврзани написи

To top