Жените денес се соочуваат со многу предизвици. А за мајките со ќерки, знаењето како да градат самодоверба уште од мали нозе е клучно за нивниот иден успех.

Не станува збор за предизвици како што се еднаков пристап до образование или плата, или многу непријатни работи со кои жените мора да се справат поради нивниот пол, како што се злоупотреба, омаловажување или погрешна процена. И да не го споменуваме месечниот посетител кој има потенцијал да направи хаос во нашите животи како жени!

Настрана сето ова, има секојдневни работи со кои треба да се справите додека растете, а кои можат да влијаат врз мислењето на вашата ќерка за себе, кои можат да ја спречат да стане моќна, силна жена.

Адолесценцијата и младите не се поврзани само со добивање добри оценки и забава. Тука се и момчињата и односите со другарките, зголемени хормони кои треба да се регулираат, како и притисокот од врсниците и влијанијата на социјалните мрежи.

Девојките се обидуваат да се вклопат и да го откријат своето место во сложениот свет кој се менува со брзина на светлината.

Добрата вест е дека девојките можат повторно да стекнат самоувереност и самодоверба. Ова се работи што секоја мајка треба да им ги каже на своите ќерки.

Грижата за себе не е себичност – Грижи се за себе со правилно јадење, вежбање и доволно сон. Ќе бидеш наградена со добро здравје. И менталното здравје е исто толку клучно и бара иста инвестиција.

Важна е свесноста – Многу жени не ја искусиле моќта на свесноста и тоа е голема штета затоа што го менува животот. Планирајте ја иднината, но живејте во сегашноста. Доживејте го овој момент како што е сега, без осудување. Кога прифаќате благодарен и свесен став, внесувате смиреност и самоприфаќање во животот.

Остани верна на себе – Треба да ги знаеш своите силни страни, која си и што е важно за тебе. Откриј ја твојата брилијантност и поврзи се со она што ти е важно.

Никој не е совршен – Секој има „нешто“. Тоа „нешто“ може да е борба со тежината, физичка попреченост или нешто што останува невидено, како ментална болест или личен демон. Прифати дека никогаш нема да бидеш совршена, ниту пак некој ќе биде. Човек си, ќе се сопнеш, ќе паднеш, ќе станеш.

Убава си – Не мора да живееш по стандардите за некој лажен идеал за убавина. Секогаш запомни дека си убава, однатре и однадвор. Не е важно што носиш, како си ја средуваш косата или колку си висока или слаба – ти си прекрасна личност.

Животот не е натпревар за популарност – Твоите пријателства ќе се променат во текот на следните неколку години и во текот на животот. Во одреден момент ќе откриеш дека немате многу заедничко или ќе откриеш дека тоа пријателство не е здраво за тебе. Направи простор во твојот живот за други луѓе.

Остани отворена и љубопитна – Остани отворена и споделувај со луѓето нешто за себе. На тој начин се формираат големи врски.

Прави го она што го сакаш – Со ентузијазам и напорна работа, можеш да постигнеш големи работи. Води се со твојата силна страна и никогаш не откажувај се од твоите соништа.

Верувај во себе и во универзумот – Ќе има моменти кога ќе се сомневаш во себе. Остани на земја, имај надеж во добрината и секогаш верувај во себе.

Не те дефинираат грешките што ги правиш – На патот кон успехот и среќата ќе направиш многу грешки. Признај дека тоа е неизбежно и е дел од животот. Ти не си грешките што ќе ги направиш, па затоа обиди се да не се разочараш.

Не си сама – Ако имаш некакви проблеми или тешкотии, има кому да му се обратиш. Не е важно дали имаш 16 или 46 години.

Вредиш – Никогаш не бегај од нешто што го сакаш. Промовирај ја силната страна. Кажи ја твојата вистина и задоволи ги твоите потреби.

Твојата среќа зависи од тебе – Убав автомобил, убава куќа, пари или семејство што изгледа совршено нема да ти донесе трајна среќа. Среќата е во тебе, а не надвор од тебе.

Биди љубезна – Љубезноста е важна. Пружи рака за помош и биди сочувствителна. Најмногу од сè, биди нежна кон себе.

Секогаш ќе те сакам, без оглед на сè – Пред сè друго, запомни дека те сакам. Ќе бидам секогаш тука за тебе, ќе те бодрам и ќе ти овозможам да бидеш најдобрата верзија од себе.

Извор



912

X