Познатиот канадски лекар д-р Габор Мате е многу посветен на раниот развој на децата, а токму во оваа област често им дава совети на родителите, укажувајќи на вообичаени грешки и слично.
На еден од своите јавни настапи зборувал и за основните потреби на децата, нагласувајќи дека за нивната благосостојба е многу важно тие потреби да бидат исполнети. Според неговите зборови, децата имаат четири основни потреби:
– Потреба за сигурна поврзаност со возрасни лица кои се грижат за нив или со кои поминуваат многу време;
– Потреба да не мора да се трудат нивниот однос со родителите да функционира. Децата мора да уживаат во безгрижност и сигурност дека ништо што ќе направат не може да го уништи нивниот однос со родителите и дека не мора да прават ништо за да го одржат тој однос.
-Потреба да можат да ги искусат сите свои емоции целосно и тие да бидат прифатени од страна на родителите.

– Потреба за слободна игра на отворено. Слободната игра, а не времето поминато пред уреди, телефони или интернет-игри, е најважна потреби на луѓето.
Со други зборови, за да се чувствуваат безбедно и сакано, на децата им е важно да бидат прифатени такви какви што се од страна на родителите, да не мора да се грижат за односот со мама и тато, сите нивни емоции да бидат земени предвид, да уживаат во слободна игра надвор. Кога сите овие потреби се исполнети, детето може здраво да се развива и да ужива во своето детство.