Игротека

Работи што порано родителите ги оставаа на случајот, а денешните опсесивно ги контролираат

Некогаш родителите беа многу поопуштени и многу помалку контролираа и надгледуваа сè што правеа децата. Таквиот пристап неизбежно правеше децата да станат посамостојни и со време поспособни. Точно е дека многу работи се променија и дека некои работи не можат да бидат исти како пред 30-40 години, но она што се случи во родителството во тој период можеби и не е најдобро за децата.

Токму тоа е нешто што многумина најмногу им го замеруваат на денешните родители.

Во продолжение се дадени работи кои родителите од „старата школа“ им ги оставаа на децата сами да ги сфатат, а денес опсесивно се контролираат.

Пишување домашна задача

Повеќето денешни родители мора да признаат дека нивните родители не знаеја речиси ништо за нивните домашни задачи и учење. Имаше избор – да учиш или не, а од тоа зависеа оценките.

А денес? Родителите ќе полудат додека да извлечат од детето што има за домашно, па ќе го поттикнуваат да почне, ќе се изнервираат затоа што не работи и затоа што со денови ништо не учело. Сè ни е познато.

Што ќе се случи ако престанеш да „полудуваш“ околу домашната? Можеби детето нема да ја напише и ќе научи лекција за одговорност. Можеби само ќе сфати, а тоа е и целта. Или ќе добие лоша оценка и следниот пат ќе направи попаметен избор. Во ред е да го поттикнеш детето, но не и постојано да си над него.

Претерување со активности

Имаш мало талентирано фудбалерче? Одлично, запиши го на фудбал. Му оди глума? Одењето на глума е доволно. Не мора да оди и на музичко ако не сака, ниту на СТЕМ-работилници ако нема интерес.

Добро е детето да се интересира за различни работи, но може и да биде преоптоварено. Освен тоа, постојаното трчање по активности по училиште може да биде стресно и за родителот.

Комуникација со наставници/професори

Денес е многу полесно да се прати порака или е-пошта до наставникот, но постои разлика меѓу потребно и претерано. Дали детето ручало, дали му пречи соученикот, дали дошло со искината облека. Можеби е подобро дел од одлуките да му се препуштат на наставникот, кој поминува многу време со детето.

Сетете се како беше кога ние бевме деца: без мобилни, без пораки, евентуално рачно напишана порака. Секако дека има причини за комуникација, но попаметно е таа да се сведе на минимум.

Контролирање на односите во општеството

Да, денес ова е чувствителна тема и тешко е да се одреди границата. Постојат ситуации што бараат родителска реакција, особено поради врсничко насилство. Но не секоја кавга е причина за расправа или контактирање други родители.

Децата мора да научат сами да решаваат конфликти, а ние сме тука кога работите ќе станат прегруби. Наместо да се јавувате кај други родители, поголема услуга ќе му направите ако го научите детето како да се заштити и како да одговори.

Споредување со други родители

Денес речиси е невозможно целосно да се избегне. Но дали може да се намали?

Сите знаеме дека е лошо да се споредува дете со други деца и да се следи секој напредок и да се анализира зошто заостанува. Истото важи и за нас. Им забрануваме социјални мрежи на децата, а самите постојано сме на нив и се споредуваме со други родители.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top