Даунов синдром е генетска состојба која се јавува кога детето добива дополнителен пар хромозоми 21, наместо два стандардни. Овој дополнителен хромозом може да влијае врз физичкиот развој, когнитивните способности и општото здравје. Но, важно е да се знае дека Даунов синдром не ја дефинира личноста.

Постојат три вида Даунов синдром

Даунов синдром се јавува во три различни облици: тризомија 21 е најчестата форма и се јавува во околу 95 отсто од случаите, кога секоја клетка во телото има дополнителен хромозом 21. Транслокациониот Даунов синдром е поредок и се случува кога дел од хромозом 21 е прикачен на друг хромозом. Мозаицизмот е најретката форма, каде што само некои клетки имаат дополнителен хромозом 21.

Како го добил името?

Името е дадено по британскиот лекар Џон Лангдон Даун, кој ја опишал оваа состојба во 1866 година. Сепак, дури во 50-тите години научниците откриле поврзаност со дополнителен хромозом, што било клучно за подобро разбирање на состојбата.

Лицата со Даунов синдром се среќни

Често се смета дека лицата со Даунов синдром се среќни поради нивниот позитивен став и заразна насмевка. Тие имаат способност да најдат среќа во наједноставните работи, што е инспиративно за сите нас.

Повеќе слични отколку различни

Лицата со Даунов синдром имаат различни способности и таленти. На некои можеби ќе им треба помош во одредени аспекти, но многумина можат да научат да работат и да живеат независно.

Годините не се причината

Иако шансите за раѓање дете со Даунов синдром се поголеми со возраста на мајката, тоа не е единствениот фактор и не постои гаранција дека децата на помлади мајки нема да имаат оваа состојба.

Проблеми со срцето

Лицата со Даунов синдром имаат поголем ризик од вродени срцеви мани, но со рано откривање и лекување, многу од нив водат здрав и среќен живот.

Подолг животен век

Животниот век на лицата со Даунов синдром значително се зголеми во последните децении, од околу 25 години во 80-тите до околу 60 денес благодарение на подобрената здравствена грижа и разбирање на потребите на овие лица.

Сакаат да помагаат

Многу лица со Даунов синдром се природно грижливи и емпатични и често се заинтересирани за работи кои им овозможуваат да им помагаат на другите.

Љубовта нема граници

Лицата со Даунов синдром можат да ги чувствуваат сите емоции и да формираат длабоки, искрени врски со своето семејство и пријатели.

Многу се креативни

Многу од нив се неверојатно иновативни, талентирани во уметноста, музиката и нивните таленти често се импресивни.

Можат да се занимаваат со спорт

Лицата со Даунов синдром можат да се занимаваат со различни спортови, од пливање и кошарка до гимнастика.

Ја менуваат перспективата

Многу семејства што имаат дете со Даунов синдром велат дека нивниот живот е побогат на толку многу начини, научиле што значи безусловна љубов, трпение и отпорност.

Клучна е инклузијата

Обезбедување услови за образование и можности за вработување на овие лица е клучно за тие да го остварат својот целосен потенцијал.

Извор



912

X