Сите сме прочитале тони статии за тоа што е потребно за да се воспитаат добри, успешни деца. Списоци на сè што апсолутно треба да имате во куќата и кое, кога сето тоа ќе се собере, веројатно чини повеќе од неколку просечни плати. Многу родители не можат на своите деца да им ги дозволат сите работи што би сакале да ги имаат, па дури и колку што имаат нивните пријатели. Секојпат кога ќе се чувствувате лошо затоа што на вашето дете не можете да му купите скап уред или најнов модел на патики, прочитајте ја следната листа – работи кои дефинитивно не им се потребни на децата:

Апсолутно не им се потребни:

  • Стотици играчки што светат, свират и имаат батерии.
  • Најнови мобилни телефони само затоа што другите имаат.
  • Брендирани алишта во сите можни бои.
  • Не им се потребни дополнителни активности (јавање коњи, скијање, тенис) секој ден по училиште.

Што им е потребно?

  • Поддршка и љубов. На сите им е јасно што значи ова: разбирање за истурена чаша сок наместо карање, секојдневни разговори за ситници и обични работи, а не само да се зборува за тоа што се очекува од детето. Заеднички вечери што е можно почесто. Зборот „те сакам“ е лековит, не штедете го.
  • На децата им требаат обични, едноставни играчки: коцки, хартија и боички, кукли, како и охрабрување кога ќе ја искористат својата имагинација.
  • На децата им е потребна облека што ќе можат да ја извалкаат. Ним им се потребни работи што ќе можат да ги облечат во посебни пригоди – нешто како на пример престилка за во кујна или стари фустани и шалови кога ќе вежбаат да ги облекуваат.
  • На децата им е потребно време поминато со родителите и роднините. Ним им е потребна игра надвор, посета на различни места. Потребно им е да одат на фарма или во град, посета на музеј, фонтани и одење на пливање. Потребна им е средба со природата. На децата им е потребно гушкање, скокоткање, шеги и да бидат опкружени со различни луѓе од сите возрасти.
  • На децата треба да им се дозволи да поставуваат прашања, но треба и да им се покаже како самите да дојдат до одговорот во книги или преку набљудување. Треба од вас да слушнат: „Не знам, ајде заедно да го најдеме одговорот“.
  • На децата треба да им се дозволи да истражуваат. Да се качуваат високо, да пливаат, да прават дупки со дрвен стап и да креваат карпи. Дозволете им да не ви бидат во видикот одреден дел од денот и оставете ги сами да ги решаваат конфликтите. Оставете ги да трчаат додека целосно не се уморат.
  • На децата им е потребен сон. Треба да заспијат навреме за да бидат одморени за следниот ден. Треба да поминуваат време без да гледаат во телевизорот или екранот.
  • На децата им требаат книги и родители кои ќе им читаат. Ним им требаат и други деца за читање. Им требаат книги на кои ќе им се восхитуваат и забавни книги што ќе ги насмеат. Им требаат стихови кои ќе си ги повторуваат. На децата им требаат ликови кои живеат во некои заедници, историски личности кои инспирираат. На децата им требаат херои на кои ќе им се восхитуваат.

Значи, ако имате предолг список со играчки за кои мислите дека ќе го израдуваат вашето дете за Нова година, или гледате сосед кој му купил скап уред на своето дете, а вашиот буџет не го дозволува тоа, или се чувствувате виновни што не сте го запишале вашето дете на балет или гимнастика, што се однесува до нас, не мора да се чувствувате виновни. Има само неколку работи што им се потребни на децата и тие генерално не се скапи. Сè што им треба е нашето време и нашата поддршка за детето да се чувствува безбедно, што е минималната цена што можеме да ја платиме.

Извор



912

X