Некогаш се работи за „натпревар“ со другите, некогаш за погрешна процена, некогаш за непромисленост. Но, сите понекогаш купуваме работи што не ни се потребни или работи без кои навистина би можеле да живееме. И секогаш е најлесно да трошиме пари кога се во прашање децата и сето она што е поврзано со нив.
На социјалната мрежа „Редит“ беше покрената дискусија токму за тоа: на што потрошивте пари и за што зажаливте. Еве што велат корисниците.
Облека за новороденче
Многу родители пишуваат дека жалат за парите што ги потрошиле на облека за новороденче. Станува збор за облека која бебињата брзо ја надраснуваат, а можете да позајмите добро сочувана облека од роднини, пријатели и слично.
Воннаставни активности
Часови по цртање, англиски, балет… Сите овие активности „дебело“ се плаќаат, а најголем дел од она што го плаќаме децата го учат во градинка или лесно го усвојуваат подоцна. Подоцна не се гледа некоја посебна разлика меѓу децата.
Играчки за бебиња
Некои родители одговорно тврдат дека играчките за бебиња се апсолутно губење пари. Сите купуваат еден куп играчки, а детето на крајот си игра со најобична картонска кутија.
Костими за маскенбал
Костимите за маскенбал за бебиња се навистина слатки и изгледаат одлично на фотографиите. Многу родители тврдат дека овие костими се залудно потрошени пари, особено затоа што бебето нема никогаш повеќе да ги облече.
Креветче за бебе
Се чини дека е мит тоа што бебињата сакаат креветчиња, бидејќи многу се ретки бебињата што навистина сакаат да спијат во креветче. Голем процент од бебињата завршуваат во креветот на родителите, така што бебешките креветчиња остануваат неискористени.
Детски електрични возила
Овие возила по правило имаат кратко траење на батеријата, па кога се полни, кратко е времето кога детето може да го вози. Ако планирате да одите во парк со него, а детето сака да се вози во паркот, можеби ќе треба да го носите до дома.
Козметика за капење на бебето
Смирувачки гел, гел од лаванда, гел за сува кожа и така натаму, и така натаму. Истото е и со лосионите. Не постои такво средство. Заштедете пари.
912