Шели Р. Ворен е брачен терапевт и писател. Преку нејзината терапевтска практика таа дознала дека сопружниците многу често не знаат многу работи едни за други и составила список со седум работи за кои жените најчесто се жалат во нејзината ординација, а се однесуваат на нивните сопрузи.

1. Не се чувствувам како приоритет

Постои изрека: „Ако имате повеќе од три приоритети, немате ниеден“. Точно е дека имаме многу обврски во животот, но секогаш успеваме да најдеме време за најважната работа. А, жената на која сте подготвени да ѝ дадете многу, ќе ви возврати многу повеќе. Не мора да постои повод за да испратите љубовна порака. Грижете се за децата. Потсетете ја дека е важна за вас и дека е на врвот на вашата листа со приоритети.

2. Повеќе не излегуваме

Причини за развод што често се споменуваат се финансии, лош секс, недоволна комуникација, отуѓување. Но, малку се зборува за тоа дека бракот е едноставно досаден. Ако не се сеќавате кога последен пат сте излегле со вашата сопруга на вистински состанок, обидете се да го правете тоа почесто и да стане дел од вашата рутина. И не плашете се да испробате нови активности и искуства – на тој начин ќе можете да ја запознаете другата страна од себеси и вашата сакана личност.

3. Не ме слуша

Кога жената постојано има впечаток дека не ја регистрирате нејзината приказна, се чувствува како нејзините мисли и проблеми да не ви се важни. Рака на срце, жените знаат да изберат незгодни моменти за да започнат разговор, но обидете се да одвоите малку време во текот на денот кога сте 100 отсто присутни и подготвени да слушате.

4. Не изгледа како порано

Не е реално да очекувате од вашиот партнер да изгледа исто како порано, но сите знаеме што значи кога некој ќе се запостави. Голема заблуда е дека жените не ги возбудува физичкиот изглед на партнерот. Ако очекувате возбудлив сексуален живот, запомнете дека изгледот е важен. Затоа, променете ја исхраната и почнете да вежбате, не само што ќе станете попривлечни за вашата сопруга, туку и поздрави.

5. Не умее да биде нежен

Бакнеж на челото, гушкање на каучот, држење за раце за време на прошетка… Дали ова се случува редовно во вашиот брак или само кога намерата е секс? Многу жени со кои Шели разговарала признаваат дека не носат кратки панталони и не ги бакнуваат сопрузите на вратот затоа што не сакаат сè секогаш да води до секс. Од друга страна, многу сопрузи велат дека им треба повеќе физички контакт, дури и кога не завршува со секс. Ако вашата сопруга одржува физичко растојание од вас, тоа може да биде причината.

6. Не ме поддржува

Нешто што и двајцата сопружници често го забораваат е дека да се биде во брак, значи да се има некој што секогаш навива за тебе. Некој кој те охрабрува да ги оствариш своите соништа. Кој те поддржува кога ти е тешко. Кој прави да се чувствуваш како најфантастичната личност на планетата. Кога последен пат ѝ рековте на вашата сопруга дека е убава? Дека сте благодарни што се омажила за вас? Дали сте ја прашале како го замислува својот живот за пет години? Дали сте ѝ купиле цвеќиња и дали сте ѝ понудиле да ѝ приготвите вечера само затоа што ја сакате? Колку повеќе ја поддржувате, толку подобар ќе биде секој аспект од вашиот љубовен живот.

Автор: Шели Ворен
Извор



912

X