Воспитување

„Псст… каменот има нешто да ви каже“ – онлајн-изложба на деца по повод Денот на свесноста за аутизмот

Ученици од ДСУРО „Св. Наум Охридски“, ПОУ „Иднина“ и Здруженијата за деца со посебни потреби „Имаго плус“ и „Дама ел“ создадоа уметнички дела како дел од проектот „Псст… каменот има нешто да ви каже“. Делата беа креирани во рамките на работилници што се одржаа во февруари во Чифте амам, а едукатор беше Маја Димитрова.

Од Национална галерија, чиј проект е изложбата, велат дека во изминатите години креациите ги промовирале на изложба, но поради ситуацијата, годинава делата ќе можат да се видат само преку онлајн-изложба, односно на фејсбук-страницата на Галеријата.

Со изложбата Галеријата се придружува на одбележувањето на Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот – 2 Април.

– Ваквите проекти испраќаат порака за повеќе грижа и повисоко ниво на општествена свесност, обезбедување услови за секојдневно функционирање на децата со интелектуална попреченост и нивна културолошко-социјална инклузија, поддржана на институционално ниво – вели директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова-Ќерими.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top