Чувствителните деца често имаат природна склоност кон емпатија бидејќи силно реагираат на туѓите емоции, па затоа поддршката од родителите е важна за развивање и зајакнување на оваа емпатија. Воспитувањето чувствителни деца може да биде напорно, но и посебно. Но, разбирањето на нивните потреби е клучно за поддршка и поттикнување на емоционалниот развој.
Сепак, психолозите тврдат дека не се чувствителни сите деца што плачат. Има и други знаци. Психолозите Кејтлин Славенс и Челзи Боди споделиле на „Инстаграм“ неколку карактеристики кои укажуваат на тоа дека децата се чувствителни:
-Често се загрижени;
-Тие се склони кон перфекционизам;
-Тие се многу чувствителни на емоциите на другите;
-Тие користат сложени изрази и поставуваат промислени прашања;
-Забележуваат мали промени кои повеќето не ги забележуваат;
– Преоптоварени се во средини каде што има голем метеж.
Како да се биде со такви деца:
-Признајте ги и потврдете ги нивните чувства;
-Избегнувајте преполн распоред;
-Направете смирувачко катче во куќата;
-Воспоставете рутина.
912