Воспитување

Психолози: Три знаци дека родителите ве почитуваат

Пронаоѓањето рамнотежа помеѓу поддршката и независноста како возрасни деца во семејните односи може да биде предизвик, но добрите родители ни оставаат простор самите да го истражиме. Поставувајќи здрави граници, отворено комуницирајќи и обезбедувајќи нежност, таквите родители создаваат услови за наш напредок во зрелоста, дури и ако тоа вклучува одредено дистанцирање од нив или инвестирање во други лични односи.

Психолозите, како што е Пег Стрип, истакнуваат дека ваквите врски се успешни кога двете страни свесно ги одржуваат со заемно вложување. Основата чиј темел е разбирање, доверба и почит гарантира дека потребите на сите вклучени се задоволени. Така, според психолозите и терапевтите, еве неколку ретки знаци кои укажуваат на тоа дека родителите навистина ги почитуваат своите возрасни деца.

Ги почитуваат вашите одлуки и различни мислења

Добрите родители оставаат простор за разговор без осудување или непотребна критика, дури и кога нашите мислења се разликуваат од нивните. Според д-р Рејчел Глик, промената на вредностите и животните ставови често може да предизвика тензија во односите меѓу родителите и возрасните деца.

Сепак, создавањето простор за разбирање, дури и преку компромиси, е клучно за одржување на врската.

Не се чувствувате занемарено или непријатно во нивно друштво

Терапевтот Ана М. Алуси истакнува дека непочитувањето од родителите може да биде емоционално исцрпувачко и фрустрирачко и често нè враќа на незрело детско однесување. Меѓутоа, ако се чувствуваме поддржани и удобно во нивно друштво наместо повредени или понижени, тоа е добар знак дека тие навистина нѐ почитуваат.

Ви оставаат простор во разговорите

Според социјалниот работник Џуди Синеас, прекините за време на разговорите, омаловажувачките забелешки или претераното објаснување може да предизвикаат возрасните деца да се чувствуваат неценети. Ако нашите родители активно слушаат и ни дозволуваат да ги изразуваме нашите мисли и чувства без прекин, тоа е јасен знак на почит.

Извор

Поврзани написи

To top