Ако сте заглавени во несреќен брак и разводот ви изгледа како единствено решение, важно е да знаете како тоа може да влијае врз вас и врз вашите деца. Кога се вклучени деца, разделувањето станува многу посложено и бара поинаков пристап.
Психологот Џудит Валерштајн спроведе револуционерно 25-годишно истражување за влијанието на разводот врз семејствата, особено врз децата. Таа го започнала истражувањето во 70-тите години следејќи 131 дете чии родители се развеле. Иако првично мислела дека истражувањето ќе трае само една година, резултатите ја изненадиле – сите членови на семејството покажале знаци на психолошки тешкотии, па затоа студијата била продолжена неколку пати.
Психолошките истражувања покажуваат: разводот е генерално лош за децата
Родителите генерално закрепнуваат со текот на времето, но децата не. Пет години по разводот, една третина од децата биле во уште полоша емоционална состојба отколку на почетокот.
Некои клучни откритија:
-Децата го доживеале разводот многу потешко од возрасните.
-Се чувствувале небезбедни, напуштени и осамени.
-Многумина се обвинувале себеси и со години сонувале за помирување на своите родители.
-За време на адолесценцијата, ризиците дополнително се зголемиле, особено кај децата чии татковци емоционално се оддалечиле од нивните животи.
Две ситуации во кои разводот може да им користи на децата
И покрај сè, постојат две ситуации во кои разводот, според Валерштајн, е подобра опција за децата.
–Кога има постојан конфликт, насилство или злоупотреба во семејството: Ако има семејно насилство, останувањето во бракот им нанесува поголема штета на децата. Американската психолошка асоцијација потврдува дека е побезбедно за децата да го прекинат насилството, а разводот често е единствениот излез.
–Кога еден родител е зависник од алкохол или дрога и одбива третман: Децата на зависници се изложени на значително поголем ризик од емоционални, социјални и проблеми во однесувањето. Ако родителот не го признае проблемот или не побара помош, разводот може да ја намали изложеноста на децата на овој ризик.

Како да им помогнете на децата да се справат со разводот?
Бидете реални и искрени: Објаснете им како разводот ќе влијае врз нивниот секојдневен живот.
Дајте им до знаење дека не се виновни: Децата честопати мислат дека тие се причина за разводот. Повторете неколку пати дека не се.
Објаснете дека сте пробале сè: Ако се обидувате да го спасите вашиот брак, кажете им го тоа.
Не потпирајте се емоционално на децата: Децата не се ваши терапевти. Ги споделувате емоциите со возрасни, а не со деца.
Не исчезнувајте од нивните животи: Без оглед на околностите, останете присутни.
Поддржете го односот со другиот родител (доколку тоа не е штетно за детето): На децата им се потребни двајцата родители. Соработката и мирната комуникација се клучни за нивната стабилност.
Побарајте стручна помош: Терапијата може да ви помогне и вам и на вашите деца полесно да се справите со промените.