Во здрава врска партнерите се поддржуваат меѓу себе додека ја одржуваат својата индивидуалност. Но, понекогаш границата помеѓу блискоста и прекумерната поврзаност може да стане нејасна. Кога ќе почнеме да го губиме чувството за сопствениот идентитет и да се чувствуваме како повеќе да не можеме да донесуваме одлуки без друга личност, можно е да сме влегле во состојба која во психологијата е наречена „енмешмент“ – прекумерно емоционално заплеткување. Според психологот Марк Траверс, ова се три јасни знаци дека тоа можеби се случува.
Се чувствувате како продолжение на вашиот партнер
-Ако повеќе не донесувате сопствени одлуки во врската и почнете автоматски да ги приспособувате своите мислења, расположенија и потреби на она што го сака другата личност, можеби сте изгубиле контакт со сопствените желби. Наместо да го негувате сопствениот идентитет, се однесувате како продолжување на вашиот партнер – исполнувајќи ги неговите потреби, прифаќајќи ги неговите мислења и чувствувајќи се одговорни за неговата емоционална состојба – објаснува Траверс.
Враќањето на чувството за сопствениот идентитет започнува со мали чекори, на пример, самостојно избирање како да го поминете слободното време и слично, додава психологот.
Ги потиснувате сопствените чувства за да избегнете конфликт
Во обид да избегнеме несогласувања, честопати може да го криеме она што навистина го мислиме или чувствуваме.

-Со текот на времето ова води до таложење на незадоволството бидејќи постојано се приспособувате на мислењата на вашиот партнер и избегнувате теми што би можеле да предизвикаат расправија. Иако може да изгледа како да го одржувате мирот, всушност, ја губите можноста за искрена комуникација. Конфликтите не се нужно лоши – ако се водат на правилен начин и ако се почитуваат двете страни, може да се зајакне односот – истакнува Траверс.
Тешко ви е да ги изразите вашите потреби и да поставите граници
Ако се чувствуваме виновни кога се обидуваме да застанеме зад себе или да поставиме граница, можно е да сме ја изгубиле способноста да се изразуваме наметливо.
-Кога сте во „енмешмент“, границите стануваат нејасни и секој обид да ги наметнете сопствените потреби може да изгледа како закана за стабилноста на врската. Наместо нејасни барања како „Ми треба малку простор“, корисно е да кажете нешто конкретно, како: „Ми требаат 30 минути мир по работа“ – заклучува Траверс.