Развојот на самостојноста и независноста кај децата е клучен дел од нивното растење. Постепеното препуштање на обврските им овозможува на децата да ги развијат вештините потребни за секојдневниот живот. Со самостојно извршување едноставни задачи, како што се облекување или подготвување едноставни оброци, децата добиваат самодоверба и чувство на независност.

Детскиот психолог и едукатор за образование Џејми Блох на својот инстаграм-профил издвои уште неколку причини зошто е важно да се поттикне независноста кај децата.

– Промовира самодоверба и самопочит, како и мотивација и упорност на училиште;

– Негува доверба во способностите, дозволувајќи им на децата да чувствуваат контрола над нивните животи. Тоа им дава верба дека се способни да се грижат за себе, што ги прави отпорни на предизвици;

– Придонесува за чувство на контрола над животот и го неутрализира негативното влијание на стресот и анксиозноста;

– Развива ниво на самосвест и чувствителност кон другите, што ги учи да им помагаат на луѓето околу нив;

– Донесувањето одлуки и избори придонесува за одговорност и разбирање дека постапките имаат реални последици;

– Им помага на децата да развијат важни вештини: решавање проблеми, одлучување и слично, на пример, планирање, одлучување за тоа што е добро, а што лошо, донесување информирани одлуки и организирање идеи во акции.

– Кога децата се мали, поминуваме многу време донесувајќи одлуки во нивно име. Често може да дојде до точка да мислиме дека знаеме што е најдобро за нив, но ова однесување не им помага на децата да развијат чувство на независност. Кога применуваме флексибилен пристап кон родителството, тоа ни овозможува да се ослободиме од нашите очекувања и верувања за тоа како треба да се однесуваат нашите деца – заклучува Блох.

Извор



912

X