Секому му треба време за себе. Дури и на децата им треба време за себе. Иако понекогаш се чувствуваме виновни што сме го одвоиле тоа време, не треба, посочува д-р Беки.

Веројатно ви е позната сцената што ќе ја опишеме: сте се согласиле да се дружите со вашите пријатели, сите знаат за тоа, се помириле со тоа, но штом ќе тргнете, вашето дете почнува да плаче, да очајува, не сака да одите и прави драма затоа што го оставате. И вие веднаш почнувате да се чувствувате како најлошата мајка на светот. И сигурни сте дека е така, инаку вашето дете не би плачело толку многу.

Дури и да заминете, секој чекор што го правите е проследен со вина бидејќи пред вашите очи се наоѓа сликата од вашето дете прилепено за вашата нога и неговото расплакано лице.

Но, чувството на вина е погрешно. Кога ќе одвоите време да го поминете со пријателите и саканите, тогаш не правите ништо лошо. Всушност, според психологот д-р Беки, тоа ве прави добар родител. Психологот, која е и авторка на книгата „Добро однатре“, е вистински гуру кога станува збор за родителството.

– Само што го оставив син ми да вреска и да плаче додека протестираше: „Зошто треба да излезеш со пријателите за викенд? Зошто не можеш да ме земеш со себе? Не те гледам доволно!“ и еве ме на железничката станица, се подготвувам да се качам во возот за да се сретнам со моите пријатели и сакам да споделам со вас како се справувам со тоа. Се разбира, мојата прва реакција беше: „О, Боже, дали сум ужасен родител? Толку длабоко во нас е мислењето дека приказната за мајките е приказна за маченици, што кога нашите деца се бунтуваат против моментите кога всушност се грижиме за себе, како некој што не е само чувар, ние мислиме дека правиме нешто погрешно – вели психологот.

Но, тука е работата: на децата не им требаат несебични маченици. На децата им требаат силни лидери, а знаете ли што знам јас? Поминувам малку време со моите другарки, поминуваме време зборувајќи за други работи освен за нашите деца, грижејќи се за себе и поврзувајќи се преку сите работи што ги сакаме и сите различни работи за кои сме заинтересирани, а кои немаат врска со грижата за другите и тоа е клучно за моето ментално здравје и мојата способност да бидам тука за моето дете. Дозволено ми е да донесувам одлуки за себе, дозволено ми е да поставувам граници, дозволено ми е да ги задоволувам моите потреби и тука е работата, мојот син смее да биде вознемирен поради тоа – вели психологот.

Д-р Беки истакнува дека тоа што нејзиниот син е вознемирен не значи дека донела лоша одлука, а не значи дека одлуката за која верува дека е добра треба да биде наградена.

– Не сакаме да одгледуваме деца кои ќе мислат дека мораат да се жртвуваат за да бидат родители. Најдобар начин да го направите тоа е да им покажете како правилно да се грижите за себе – вели д-р Беки.

Извор



912

X