Воспитување

Здравата врска не е совршена, но е место каде што знаете дека не мора да бидете совршени за да бидете сакани

Во здрави и стабилни врски најважното чувство не е љубовта, туку емоционалната сигурност. Тоа е тој момент кога знаете дека можете да бидете сами, да кажете сè што ви е на срце, а дека другата личност ќе го дочека тоа со разбирање, а не со осудување.

За многумина од нас, врските се просторот каде што се активираат нашите најдлабоки несигурности. Но, според психологот д-р Кортни Ворен, ова чувство на сигурност се гради преку секојдневна практика, а зборовите што ги избираат партнерите имаат голема моќ.

Седум фрази што прават разлика

Паровите што си веруваат и се чувствуваат емоционално поврзани често користат реченици што може да изгледаат едноставни, но зад нив има многу љубов, емпатија и меѓусебно почитување.

„Ме гледаш таков/а каков што сум“

Во безбедна врска нема потреба од маски. Ранливоста не е слабост, туку е простор каде што се случува вистинска интимност. Партнер на кого можете да му ги покажете и вашите стравови и вашите несовршености, и кој сè уште ве сака, ви дава слобода да бидете тоа што сте.

„Ти верувам“

Без доверба нема стабилност. Во врска каде што постои емоционална сигурност, партнерите си веруваат еден на друг дури и кога не се заедно. Нема место за љубомора, тајни пораки или сомнителни прашања. Довербата не е само збор – тоа е начинот на кој се однесувате еден кон друг.

„Ќе го надминеме ова“

Кавгите и несогласувањата не значат крај. Паровите кои се чувствуваат сигурни во својата врска не се закануваат дека ќе раскинат при првата пречка. Наместо тоа, тие имаат заедничка цел – да ги надминат предизвиците заедно, посилни од порано.

„Уживајте со пријателите!“

Кога има сигурност, партнерите не се задушуваат. Тие го ценат личниот простор и се охрабруваат еден со друг да ги негуваат своите интереси, пријателства и рутини – без да се чувствуваат виновни или исплашени.

„Ми недостигаш“

Оваа фраза не е знак на слабост, туку на поврзаност. Кога некој ќе каже дека му недостигаш, тоа не значи дека сака да те контролира, туку дека искрено те сака и со нетрпение очекува да те види повторно.

„Можеме ли да разговараме?“

Тешките разговори во безбедни врски не се табу. Всушност, тие се простор каде што се гради доверба. Кога нешто ве мачи, можете да го кажете тоа без страв дека ќе бидете игнорирани или нападнати од другата личност.

„Ајде да направиме план!“

Без разлика дали станува збор за викенд-бегство, вечерно излегување или планови за заеднички живот – кога ја планирате вашата иднина заедно, ја испраќате пораката: „Те гледам во мојот живот за еден месец, а и за пет години“.

Љубовта е безбеден простор, но не доаѓа сама по себе

Емоционалната безбедност не се случува преку ноќ. Се гради преку отвореност, прифаќање и мали секојдневни гестови кои покажуваат: „Јас сум тука за тебе, без разлика каков ти е денот“.

Здравата врска не е совршена, но е место каде што знаете дека не мора да бидете совршени за да бидете сакани.

Извор

Поврзани написи

To top