Воспитувањето носи со себе многу предизвици, а секој родител сака успешно да се справи со нив. Но, понекогаш можеби родителите не се сигурни како да ги надминат овие предизвици, па затоа се обраќаат до семејството и пријателите за совет. Сепак, психологот и мајка на три деца, д-р Џезмин Мекој, тврди дека некои совети можат да предизвикаат повеќе штета отколку корист. Во неодамнешната објава на „Инстаграм“ таа истакнала три такви совети.
„Можете да го спречите изливот на бес кај децата“
-Ова размислување е токсично. Тоа имплицира дека постојат работи што можеме да ги направиме за да ги спречиме нашите деца да имаат чувства, што е невозможно. Ова може да направи родителите да се чувствуваат лошо затоа што мислат дека не се доволно добри во родителството ако не успеале да го спречат изливот на бес кај детето – истакнала таа.
„Игнорирајте ги вашите деца кога имаат излив на бес“
Мекој истакнува дека родителите можат да прават паузи доколку имаат потреба за време на конфликт или бес, но нивното целосно игнорирање може само да ја влоши ситуацијата.
„Останете смирени“
-Разбирам дека намерата е добра, но овој совет е навистина нејасен и имплицира дека има „добри“ и „лоши“ емоции. Исто така, тоа е сосема нереално – заклучила таа.