Секоја фаза од развојот на детето носи свои специфични потреби кои се клучни за неговата благосостојба и здравје. Разбирањето на основните потреби на децата на различни возрасти им помага на родителите да им ја дадат потребната поддршка во таа фаза од растењето. Психологот, мајка и едукатор за родители Џејми Блох открива кои се овие основни потреби на децата на секоја возраст.
Еве што истакнала таа во новата објава на „Инстаграм“.
До пет години: рано детство
Емоционална достапност: бидете присутни и одговорете на нивните емоции. Играјте со нив и обезбедете си безбедни места за играње и истражување.
5-10 години: средно детство
Безусловна љубов: Покажете им безусловна љубов и прифаќање. Охрабрувајте отворена комуникација и дискусии без осудување или страв од последици. Научете ги да ги препознаваат и да ги изразат своите чувства.
10-15 години: рана адолесценција
Стимулирање на интересите: Поддржете ги нивните хобија и страсти со вашите постапки. Исто така, научете ги за границите и почитувањето на другите.
15-20 години: адолесценција
Доверба и почит: Почитувајте ги нивните мислења и поттикнувајте независност. Бидете со нив во предизвикувачки моменти.
– Како мајка и детски психолог, сфатив дека разбирањето на когнитивниот развој на детето е од клучно значење. Децата размислуваат и учат поинаку на секоја возраст. Со разбирање на овие фази, можеме подобро да одговориме на нивните емоционални потреби – заклучува Блох.
912