Воспитување

Психолог ги открива четирите најголеми лаги што ја уништуваат врската

Лажењето често се смета за најголемо предавство во врската, но најопасните лаги не се секогаш очигледни, вели психологот Џефри Бернштајн.

-Овие суптилни, подмолни измами можат полека да ги нагризат темелите на довербата, разурнувајќи ги дури и најважните врски – изјавил психологот.

Според него, ова се четирите најголеми лаги што ги уништуваат љубовните врски и можат да доведат до скршено срце.

„Сѐ е во ред“

-Оваа лага често се користи за да се избегне кавга, но всушност создава дистанца меѓу партнерите. Негирањето на вистинските чувства го оневозможува партнерот да ве поддржи и разбере, а на крајот води до емоционална разделба и потенцијална катастрофа – предупредува психологот.

„Не е толку голема работа“

Минимизирањето на сопствените чувства или постапките на партнерот доведува до незадоволство и насобрани проблеми.

-Кога малите нешта што навистина те мачат ќе се откријат, тие можат да прераснат во поголеми проблеми кои е невозможно да се решат – истакнува Бернштајн.

„Можам да ја/го сменам“

-Верувањето дека можете да го промените вашиот партнер може да доведе до разочарување. Луѓето можат да еволуираат, но промената мора да дојде однатре, а не поради очекувањата на другите луѓе. Оваа лага често резултира со фрустрација и откритие дека сте заљубени во идеализирана верзија на вашиот партнер, а не во вистинската личност – забележува психологот.

„Не треба да зборуваме за тоа“

Избегнувањето тешки разговори велејќи „не треба да зборуваме за тоа“ – е деструктивно.

-Комуникацијата е клучна за секоја успешна врска, а избегнувањето проблеми доведува до поголеми недоразбирања и емоционална дистанца. Значи, овие четири лаги полека можат да ја уништат љубовта и довербата во врската. Посветеноста на отворена комуникација е клучна за зачувување на врската. Само тогаш можете да градите љубов која е издржлива и искрена – заклучил Бернштајн.

Извор

Поврзани написи

To top