Секое девојче се соочува со различни предизвици додека расте. Опкружени со стандарди за убавина и општествени очекувања, понекогаш на девојчињата може да им биде тешко да останат верни на себе. Затоа, исклучително е важно да ги поддржите во развивањето на самодовербата и самоприфаќањето. Овие вредности играат клучна улога во тоа како девојките се чувствуваат во врска со себеси, како ја гледаат својата внатрешна сила и како се справуваат со светот околу нив.
Во општество кое често става акцент на надворешниот изглед, девојките се соочуваат со притисоци да исполнат одредени стандарди. Сепак, вистинската основа на самодовербата доаѓа однатре. Кога ќе им ја дадеме вистинската поддршка и фрази кои ја нагласуваат нивната внатрешна сила, вредност и способност да им веруваат на нивните инстинкти, им овозможуваме да прераснат во самосвесни поединци. Овие пораки за самоприфаќање, сила и самодоверба им помагаат да изградат здрава слика за себе.
Така, психологот, мајката и едукатор за родители Џејми Блох споделува неколку фрази што секое мало девојче сака да ги слушне:
-Не си во конкуренција со други девојки.
-Посилна си и похрабра отколку што мислиш.
-„Не“ значи „не“.
-Твое тело, твој избор.
-Ако чувствуваш дека нешто не е во ред и твојот внатрешен глас ти кажува да заминеш, верувај и слушај го.
-Сите тела изгледаат различно, а твојот изглед се менува како што растеш. Тоа е нормално.
-Твојата вредност не се мери според тоа како изгледаш или колку тежиш.
-Не мора секогаш да се чувствуваш удобно во своја кожа за да се фокусираш на самоприфаќање.
-Ти заслужуваш љубов и сочувство едноставно затоа што постоиш.
-Твојот изглед е твојата најмалку интересна карактеристика, има многу други работи кои те прават вредна.
-Никој не може да те направи целосна, освен самата ти.
-Не си сама во она низ што поминуваш, јас секогаш ќе те сакам без разлика на сѐ.
-Јас верувам во тебе и во изборот што го правиш.
-Верувам во тебе, секогаш.

-Пораките што девојките треба да ги слушнат се за самоприфаќање, сила и самодоверба, што е клучно. Поттикнувањето да им веруваат на сопствените инстинкти и потсетувањето дека нивната вредност не се заснова на нивниот изглед им помага да изградат доверба во тоа кои се, а не само во тоа како изгледаат. Ги потсетуваме дека заслужуваат љубов и сочувство, дека не мора да бидат совршени за да бидат прифатени и дека не се сами во нивните борби. Овие афирмации ја зајакнуваат нивната верба во себе и силата да се соочат со светот со храброст и самопочит – заклучува психологот.
912