Во денешниот зафатен и забрзан свет често ја занемаруваме важноста од изразување љубов кон нашите деца. Зборовите за поддршка и разбирање имаат силно влијание врз нивниот емоционален развој и ја поставуваат основата за здрави односи меѓу родителите и децата.
Затоа е клучно секојдневно да се покажува наклонетост кон децата. Според детскиот психолог, мајка и воспитувач за родители Џејми Блох, внимателно избраните зборови можат значително да влијаат врз менталното здравје на децата и начинот на кој тие се гледаат себеси и светот околу нив.
Таа ја нагласува важноста децата да слушаат одредени реченици и затоа ги советува родителите што почесто да им ги кажуваат овие фрази:
-Што би сакал/а подобро да разберам и сфатам?
-Изгледа дека чувствуваш (емоција). Дали го разбрав тоа правилно?
-Сакаш да разберам како се чувствуваш, нели? Што сакаш да направам?
-Тоа мора да било толку вознемирувачко/фрустрирачко за тебе (секое чувство може да биде вклучено).
-Тоа веројатно ти е многу тешко. Гледам колку се трудиш. Тоа што го чувствуваш е сосема нормално и јас сум тука за тебе.
-Има смисла дека си загрижен/а или лут/а поради тоа.
-Жал ми е што досега не разбрав целосно како се чувствуваш и благодарен/а сум што го сподели тоа со мене.
-Создавањето сигурен однос со децата создава услови тие да се чувствуваат безбедно, да можат да споделуваат со вас кога минуваат низ тешки времиња, а исто така ги поставува темелите за да живеат среќен, исполнет живот – заклучила Блох.
912