Како што често истакнува во своите говори, италијанскиот психијатар Паоло Крепет вели дека повеќето од проблемите на нашите деца потекнуваат од категоријата родители кои ја отфрлиле својата традиционална улога и решиле да им бидат пријатели на своите деца.
„Кога има премногу нежно воспитување, тоа не е добро. Ние веќе немаме деца, туку мали Буди на кои им се восхитуваме и кои смеат сè. Тие избираат каде да јадат, во кој забавен центар да одат, кој филм да го гледаат. Станавме родители кои секогаш велат ДА. Но, тоа е погрешно. Не секој и секогаш ќе им угодува. Кога ќе пораснат, некој ќе им каже НЕ. Можеби на првата љубовна фрустрација. Можеби на првото работно место. Родителите одат на првиот деловен состанок со својот 26-годишен син. Потоа имаме луѓе кои не ги праќаат децата на Еразмус-програма за таму да не им биде студено. Таквите родители се катастрофа. Не можеме да генерализираме, но во многу случаи е така“, вели психијатарот.
Зошто родителите се подготвени секогаш да им кажат „ДА“ на своите деца? Крепет го објаснува тоа вака: „Виновни се оние што им кажале дека одговорностите се проблем, а всушност тие се мерилото по кое се мери нечиј раст. Одговорностите и способноста да се преземе контрола над сопствениот живот го дефинираат возрасниот човек и го разликуваат од децата. Идејата за генерација на вечни тинејџери во четириесеттите години навистина ви ја лади крвта“.