Мишел Кливленд и нејзиниот сопруг првпат го гледале анимираниот филм „Кралот лав“ со нивната мала ќерка. Мишел решила да сними како ќе реагира нејзината ќерка на една од најтажните сцени во филмот, онаа во која младиот лав Симба го пронаоѓа Муфаса по трагична несреќа.
На видеото, кое за неколку дена е прегледано повеќе од четири милиони пати, се гледа како слатко девојче со тажен израз гледа што се случува на екранот и во еден момент им кажува на родителите дека Симба е тажен. На крајот решила да побара утеха од татко ѝ, кој веднаш ја зел в раце и продолжиле да го гледаат филмот.
„Кралот лав“ е анимиран филм кој растажил и многу возрасни, а многу корисници на „Тик-ток“ кои го погледнале видеото биле трогнати од реакцијата на девојчето.
Watch on TikTok