Лионел Меси ја заслужи титулата GOAT (greatest of all time – најдобар на сите времиња) откако ја донесе Аргентина до златото на Светското првенство во Катар. Социјалните мрежи ги преработија неговите фотографии и видеоклипови, а се издвојува едно од првите што ги дал за медиумите.
Тогаш уште дете, Меси постигнал два гола за аргентинскиот клуб „Њуелс олд бојс“, за кој играл од 1995 до 2000 година.
„Ова може да е негово прво интервју по натпреварот“, гласи описот на виралното видео, во кое Меси е прашан од новинар дали знае дека е избран за играч на натпреварот.
?️? ??? ????? ????? ?? ? ????? ????
— Newell's Old Boys – English (@Newells_en) November 5, 2021
A young Lionel Messi speaks after a goalscoring performance for Newell's Old Boys. This may be his first ever post-match interview. #Newells pic.twitter.com/wWI3o6kUZL
„Не“, одговара малиот Меси со румени образи.
Кога новинарот го прашува да го опише својот гол, тој се смее и вели: „Топката дојде од Федерико Росо, Гриџини му ја додаде на Лукас, Лукас мене и јас постигнав гол“.
Тој открива и дека постигнал два гола и додава: „Ќе им ги посветам на татко ми, вујко ми, семејството, сите луѓе што ме познаваат“.
Видеото има повеќе од 600.000 прегледи, а во коментарите многумина изразиле воодушевување од неговата понизност и тоа што го признал придонесот на своите соиграчи.