Игротека

Првиот момент кога близнаците се „запознале“ надвор од матката ги разнежи сите

Близнаците ги поврзува посебна врска уште од првиот ден од нивното раѓање, без разлика како и кога се родени, а овие близнаци се уште еден во низата докази дека тоа навистина е така.

Веќе никој не се сомнева во нивната тајна врска која трае до крајот на животот. Тоа е врска што повеќето други луѓе не можат ни да ја замислат, а толку е посебна што ни самите близнаци не би можеле точно да ја објаснат. Тие само знаат дека таа врска постои уште од првиот ден.

Доказ за тоа се и близнаците на Американката Аманда Прајс, кои се родени во 26. недела. Во моментот кога првпат се „сретнале“ надвор од матката, 10 дена по раѓањето, тие веднаш се фатиле за раце, потег што ги воодушевил сите што биле присутни.

– Медицинските сестри ги ставија на моите гради и тие, сосема спонтано, се фатија за раце. Сите беа воодушевени и веднаш почнаа да ги фотографираат – вели нивната мајка Аманда.

Прајс, која и самата е бабица, ги родила близнаците со царски рез кога била бремена во 26. недела поради компликации. Близнаците, Сајџ Имани и Оскар Ли Прајс Џуниор, се родени со помалку од два килограми.

Бидејќи близнаците се во одделни инкубатори, не поминуваат многу време заедно, но со текот на времето тоа заедничко време ќе се зголемува. Фотографијата што стана вирална го прикажува првиот момент кога близнаците се „запознале“ надвор од матката.

Извор

Поврзани написи

To top