Кога првпат сте го ставиле вашето бебе в кревет, можеби ви изгледало малку чудно да го видите како лежи среде „гол“ душек. Во одреден момент, може да почнете да се прашувате кога треба да воведете перница за детето.

Малите деца можат да спијат на перница по двегодишна возраст, но не секоја перница е безбедна. Перниците сè уште можат да претставуваат ризик од задушување за малите деца, па затоа е важно да ја изберете вистинската.

-Сите деца се развиваат со различни стапки, а за некои перницата може да претставува ризик од задушување пред да наполнат две години. Дури и тогаш, безбедната перница за мали деца треба да биде поцврста – вели По-Чанг Хсу, лекар и експерт за медицински содржини.

Кога е безбедно детето да почне да спие на перница?

Малите деца можат да спијат на перница од две години. Иако ризикот од синдром на ненадејна смрт на доенчиња (SIDS) поминува по првиот роденден на детето, перниците сè уште се сметаат за ризик од задушување. Овој ризик е помал до 2-годишна возраст, но стандардната перница за возрасни не е соодветна.

На оваа возраст, перницата мора да биде мала и цврста за да се смета за безбедна.

-Откако ќе одлучите дека вашето бебе е подготвено за перница, имајте на ум дека големите, меки перници на вашиот кревет веројатно нема да функционираат – забележува Харви Карп, педијатар.

Исто така, запомнете дека не треба да брзате да му дадете на вашето дете перница. Всушност, колку подолго ја нема, толку подобро.

-Вистината е дека повеќето мали деца спијат добро без перница. Препорачувам да користите ќебе во креветчето само по првиот роденден и да почекате со перницата додека вашето дете не премине од малечко креветче во поголем кревет. Ова може да биде по третиот роденден или дури подоцна – вели д-р Карп.

Секое дете е различно. Задолжително консултирајте се со вашиот педијатар доколку имате прашања за тоа кога да му дозволите на вашето дете да спие со перница.

Предности од спиењето со перница

Ако спиете со перница, веројатно тоа ви се допаѓа затоа што го потпира вашиот ‘рбет, но малите деца кои се навикнати да спијат без перница имаат поголема веројатност да се тркалаат во положбата на која се навикнати. Навистина треба да ставите перница под главата на вашето малечко само ако тоа му дава поголема удобност. Малите деца можат да спијат на перница откако ќе наполнат 2 години. Сепак, постојат некои важни мерки на претпазливост што треба да ги имате на ум кога ставате перница под главата на вашето дете.

Каква перница да изберете?

Постојат неколку причини зошто треба да изберете мала и цврста перница за вашето дете. Прво, перниците сè уште можат да претставуваат ризик од задушување на оваа возраст, особено ако се големи и меки. Големите, меки перници можеби нема да обезбедат соодветна поддршка за вратот на вашето малечко. Со оглед на тоа што телото на вашето дете сè уште е мало и недоволно развиено, преголемата перница може да го стави телото во положба што предизвикува стрес на ‘рбетот.

– Дебелата перница може да биде непријатна за малиот врат и ‘рбетот на вашето дете, кои сè уште се развиваат. Наместо тоа, побарајте мала, рамна, цврста перница која ја поддржува главата – вели д-р Карп.

Пазете се од алергии

Перниците можат да бидат причина за алергии кај малите деца. Ако забележите кивање или црвенило, чешање на очите откако сте му ја дале перницата, можеби тоа не било добра идеја. За да ги намалите симптомите на алергија предизвикани од перниците, заменете ги на една или две години. Употребата на хипоалергичн прекривка над перницата исто така може да е добар избор, но погрижете се добро да стои на самата перница.

-Децата често се вртат во креветот и може лицето да им заврши во перницата без да можат да се свртат – забележува д-р Хсу.

Колку е постаро и посилно вашето дете, толку е помала веројатноста дека ќе биде заробено во положба каде што перницата може да му го блокира дишењето.

-Да му се даде перница на мало дете кое сè уште спие во креветче, може да му овозможи на детето да ја користи перницата како начин за влегување и излегување од креветчето, а тоа може да доведе до повреди – заклучува д-р Хсу.

Извор



912

X