Денеска претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за образование и наука Мила Царовска, придружени од градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, се обратија по повод првиот училиштен ден во Основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Карпош.

– Денеска овие наши дечиња го заслужуваат најголемото внимание и сите ние сме должни да им го отстапиме. Тука ќе учите. Тука ќе направите некои од пријателствата што ќе ви траат целиот живот. Постојано носете маски, одржувајте растојание од другарчињата и често мијте ги рачињата. Ова да си го повторуваме секој ден, и секој ден да ги потсетуваме своите другарчиња – рече Заев.

Министерката Царовска рече дека и овој предизвик ќе го надминеме и ќе покажеме дека и во ваква ситуација и во вакви услови нашата држава, нашиот образовен систем знае да се носи со ситуацијата и знае да создаде услови за успешна 2020/2021 учебна година.

Фото: Борче Поповски



912

X