Урнебесната оцена за ручекот на едно младо момче ги насмеа корисниците на интернет. 11-те секунди на „Тик-ток“ на кои е прикажан 11-годишниот Ејб, синот на Рики Вајсберг, е прегледан повеќе од 13 милиони пати откако Вајсберг првпат го објавила видеото.

Во него се гледа како Ејб се симнува од училишниот автобус на крајот од првиот ден во градинка, пред да ѝ каже на мајка си жестока реченица.

„Мамо?“, вели тој. „Ужасен сендвич, патем.“

Што имало во тој сендвич што поттикнало толку длабока реакција? Според Вајсберг, тоа било путер и желе.

„Вообичаено, му давам сендвичи со путер од кикиритки и желе, но тој не можеше да носи путер од кикиритки на училиште поради алергии на другите деца. Така, јас добив идеја да му дадам сендвич со путер и желе“, изјавила Вајсберг (42) за „Добро утро Америка“. „Зедов стапче путер од замрзнувачот и му направив сендвич со путер и желе мислејќи дека сум добра мајка – и го испратив на училиште“.

„Бев толку шокирана што ми го рече тоа. И јас се смеев, исто како и остатокот од светот… Мислев дека е пресмешно и бев многу љубопитна да проверам што не е во ред со сендвичот. Тоа беше навистина ужасен, ужасен сендвич“, додала таа, „и никогаш повеќе не сум му направила таков сендвич“.

@ricki_weisberg Wait for it… ?#backtoschool #momsoftiktok ♬ Oh No – Kreepa

Вајсберг има порака и до другите родители кои го гледаат нејзиното видео. „Ме прави среќна колку смеа ова му донесе на светот“, рекла таа. „Исто така, се надевам дека малку ќе ги ослободи мајките. Многу е тешко да се биде мајка и секогаш сакаш да ја прикажеш најдобрата слика, но ми се допаѓа што можам да го споделам неуспехот на мајките со светот и се надевам дека тоа ги тера другите мајки да се чувствуваат малку подобро“.

Таа додала дека искуството ја истакнало блиската врска што ја има со нејзиниот син.

Автор: Ји-Јин Ју

Извор



912

X