Кога семејствата размислуваат за преселување во странство, не станува збор само за подобрување на сопствениот животен стандард, туку тоа може да биде можност за посигурен, попродуктивен и поквалитетен живот за целото семејство. Според новиот имиграциски индекс на „Ремитли“, една земја се издвојува како најдобар избор за растење и воспитување деца.

Кои земји се најповолни за семејства?

„Ремитли“, меѓународна компанија за трансфер на пари, анализирала 82 земји според 24 различни фактори и го прогласи Исланд за најдобра дестинација за преселување воопшто.

Но, кога станува збор за одгледување деца, освен квалитетот на животот, треба да се земат предвид и трошоците за образование и згрижување на децата. Во таа категорија, на врвот на листата се најде Шри Ланка, островска земја во Индискиот Океан, која според индексот доби висока семејна оцена од 88 од 100 поени.

Оваа оценка се должи на импресивниот образовен систем и исклучително ниските трошоци за детска грижа, кои во просек изнесуваат околу 325 евра годишно.

Освен пристапното и квалитетно образование, Шри Ланка нуди и многу други предности како раскошна природа, историски локалитети и извонредна кујна. Таа е позната и по своите национални паркови, како што се Уда-Валаве и Кумана, кои се дом на богата фауна, вклучувајќи слонови, бизони, елени, крокодили, па дури и бели кобри.

На 2. место на оваа листа се најде Шведска, а Норвешка го зазеде 3. место.

Топ-10 земји за одгледување деца во 2025 година

  1. Шри Ланка
  2. Шведска
  3. Норвешка
  4. Нов Зеланд
  5. Исланд
  6. Германија
  7. Финска
  8. Данска
  9. Австралија
  10. САД

Извор



912

X