Опремувањето на основните училишта се планира да почне во првата половина на 2021 година и ќе се прави преку Проектот за унапредување на основното образование финансиран од Светска банка. Во план е да се создадат мултифункционални училници, кабинети опремени со модерна информатичка технологија и лаборатории за природни науки.
Професори од Природно-математичкиот факултет ги проценуваат потребите на училиштата за опремување со современи наставни и нагледни средства по природни науки, како и со литература соодветна за возраста на учениците, информираат во Бирото за развој на образованието. Тоа, како што велат оттаму, многу ќе придонесе за успешна реализација на реформираните наставни програми во основното образование.
– Професори од ПМФ прават процена за опремување на кабинетите по природни науки во основните училишта согласно реформите со новата нацрт-концепција за основно образование. Претставници од Бирото за развој на образование вчера учествуваа на онлајн-состанок со раководители и професори од институтите на ПМФ, на кој се дебатираше за нацрт-концепцијата за реформите во основно образование. На состанокот беше истакнато дека како и сите останати процеси, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование низ широка консултација и на транспарентен начин го водат процесот на носење на новата концепција за основно образование – велат во Бирото.
Оттаму повторуваат дека целта на предложената концепција е преку примена на современ модел на основно образование да создадеме идни генерации граѓани кои ќе носат решенија врз основа на анализа на факти и критички ќе размислуваат.
– Концепцијата е само рамка како го замислуваме образовниот модел, а по нејзиното усвојување ќе следува процес на изработка на наставните програми во кои ќе бидат вклучени експерти од сите области кои се дел од наставата, вклучувајќи ги и природно-математичките науки. Детално се специфицира опремата и нагледните средства потребни за квалитетно изведување на наставата по предметите од подрачјето на природните науки во основното образование. Опремувањето на основните училишта се планира да започне во првата половина на 2021 година и истото ќе се прави преку Проектот за унапредување на основното образование финансиран од Светска банка – велат оттаму.
Во план е да се создадат мултифункционални училници, кабинети опремени со модерна информатичка технологија и лаборатории за природни науки.
912