И педагозите и психолозите се сложуваат дека најнеприменлив начин на оценување се ненајавените тестови
Што е важно кога ќе ви дадам писмена или ќе испрашувам, треба да сте подготвени за секој час! Ученици сведочат дека професори по одредени предмети вака им одговарале на поставените прашања кога ќе има испитување за оценка. Исплашени дека учениците на онлајн-настава ќе препишуваат ако им го откријат датумот на тестот, професори им велеле дека ќе им даваат ненајавени писмени работи или ненајавено ќе испрашуваат. На ова се пожалија ученици од некои битолски, прилепски, велешки и други училишта.
Поради ненајавени оценувања, на ден по две писмени или и писмена и испрашувања
– Во редовната настава имавме воспоставена практика секој професор да си зафати еден ден за писмена и да го најави датумот. Сега се случува по две писмени да правиме на ден, а некои не ги ни најавуваат писмените работи или испрашувањата. Точно е дека треба редовно да се учи, но тешко е да се биде во топ-форма по сите предмети на ден – вели ученичката Софија Н. од Битола.
Слично искуство имале ученици од Велес кои велат дека одредени професори им давале ненадејно тестови во траење од 15 минути, за да немаат можност и време за препишување.
Прочитајте повеќе на Факултети.мк
912