Макото Шичида е основач на многу ценетиот метод за поттикнување на раниот развој на мозокот. За неговиот метод да биде што поуспешен, Шичида истакнал дека е неопходно детето да чувствува љубов и почит

Макото Шичида е основоположник на една цела револуција во образованието во Јапонија. Тој го промени начинот на кој возрасните, особено просветните работници, ги разбираат децата, колку ги ценат нивните интелектуални способности и ги запознал со различни стилови и методи во образованието. Тој смета дека целта на образованието не треба да биде знаењето што му се пренесува на детето. Образовниот процес, смета Шичида, ја развива само левата хемисфера на мозокот, а ја запоставува десната, што на детето подоцна му оневозможува да го развие својот полн потенцијал. Не е потребно да се присили развојот на левата хемисфера на мозокот, давајќи им на децата до три години логички загатки и енциклопедиско знаење. Тој верува дека кога кај децата истовремено би се развивале двете мозочни хемисфери, тие би растеле во вистински гении.

Децата растат и созреваат побрзо и знаат многу повеќе отколку што мислат родителите. Човечкиот мозок почнува да се развива брзо по раѓањето, а кога веќе има десет години, мозокот на детето е развиен речиси 90 проценти. Освен методите на Шичида, чии вежби се користат во образовните системи низ светот, професорот особено го истакнува односот што родителите го градат со своите деца. Тој однос мора да биде полн со љубов, почитување и доверба, за учењето да биде ефикасно. Освен училишните вежби и активности, Макото Шичида има неколку практични совети за родителите што се однесуваат на нивната комуникација и секојдневниот однос со детето.

1. Внимателно слушајте што ви кажува вашето дете

Слушајте го својот разговор со детето – кој доминира? Разговорот не треба да биде едностран. Во спротивно, детето може да се чувствува непотребно и да се повлече. Родителот мора и да чуе, не само да слуша. Децата мора да бидат сфатени. За да му дадете до знаење дека го слушате, обидете се со примена на „ехо метода“. На пример:

– Мамо, Ана е лоша. – Да, Ана е лоша. Што ти направила? – Ме удри. – Те удри. Зошто те удри?
Така родителот ги повторува зборовите како ехо. Во разговорот не би требало да има предупредувачки тон и морализирање.

2. „5 минути“

Оваа метода е навистина волшебно стапче за родителите што сакаат да го поправат однесувањето на детето и да го ослободат од некои лоши навики. Пет минути е она време откако детето, неговиот свесен ум, ќе заспие. Но, потсвеста е будна и работи. Затоа е многу ефикасно да се користи овој период и да се дејствува на потсвесно ниво. На пример:

Кога детето не сака да оди во градинка, мајката на детето кое само што заспало, почнува да ги шепоти следните зборови: „…(Името на детето), сега си голема девојка/момче, веќе имаш две години. Имаш две години и затоа повеќе нема да плачеш кога ќе одиш во градинка. Ти си разумно и весело дете, ја слушаш мама, а мама те сака многу. Сега добро наспиј се“.

3. Силна прегратка од 8 секунди

За неговиот метод да биде успешен, Шичида истакнал дека детето мора да чувствува дека е сакано и почитувано. Еден од најдобрите начини за тоа е прегратката. На пример:

Замолете го детето да ви помогне, на пример, во миење на садовите. Откако ќе ја заврши задачата, цврсто прегрнете го и пофалете го: „Ти благодарам што ми помагаш, навистина ми помогна, многу те сакам!“ Прегратката нека потрае 8 секунди. Штом ќе го направите тоа, вашата љубов ќе стигне до срцето на детето. Ќе видите, од старите каприци нема да остане ни трага.



912

X