Воспитување

Професор по филозофија објаснува зошто е важно децата што подолго да веруваат во Дедо Мраз

Божиќ е најмагичниот дел од годината за сите, особено за децата. Пишувањето писма до Дедо Мраз, радоста околу подароците, украсите и заедништвото се бесценети. Затоа, експертите наведуваат дека децата треба што подолго да веруваат во Дедо Мраз.

Том Вијман, професор по филозофија на Универзитетот во Ливерпул, го искажал своето мислење, потсетувајќи на моментот кога тој самиот ја дознал вистината за Дедо Мраз на шестгодишна возраст. Вајман објаснува како Божиќ за децата би бил прилично монотон без „митот за Дедо Мраз“.

-Без таа магија, немаше да му пишуваат писма, да оставаат колачиња и млеко или да чекаат Дедо Мраз да пристигне на Божиќ наутро. Без тој мит, што би бил Божиќ за просечното дете? Само случаен датум кога конечно ќе можат да ги отворат подароците што нивните родители ги купиле месеци однапред – што е поентата – вели тој.

Вајман заклучува дека родителите треба да бидат искрени кога нивните деца сами ќе ја дознаат вистината, но прво да им дозволат да уживаат во божиќната магија. Воспитувањето на децата треба да ги поттикне да размислуваат критички, да веруваат во промени и да имаат здрав сомнеж за авторитет, а приказната за Дедо Мраз може да биде една од алатките во тој процес.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top