Нашето општество треба да се откаже од практиката на упросечување на надарените и талентираните, на стимулирање сомнителни вредности за успех, развој на предрасудите кон овие деца, со тоа би им се дало шанса вистинските лични и професионални вредности да бидат високо на пиедесталот на национални приоритети
Прашањето за справување со потребите и развојот на надарените и талентираните е прашање со висок општествен, институционален и индивидуален приоритет. Не постојат посебни рецепти за успех, но постојат општи принципи, правила и стандарди кои треба да се почитуваат во процесот на препознавање, идентификација и работа со надарените и талентираните – категоричен е проф.д-р Љупчо Кеверески, раководител на програмата за втор и трет циклус постдипломски студии од областа Образование на надарените и талентираните на Педагошкиот факултет-Битола.
Темата за надарените и талентираните деца и какво образование и насоки тие добиваат кај нас е секогаш актуелна.
Кеверески е почитуван професор во оваа област и добитник на многу признанија, меѓу кои највисокото – Климентовата награда од областа на образованието на град Охрид. Од минатата година тој е редовен професор и на Универзитетот во Ново Место, Словенија.
Сигурнo не е едноставно да се биде родител на надарено или талентирано дете. Како треба родителите да се однесуваат за нивните деца правилно да го искористат својот талент или дарба?
– Ова прашање е од исклучително значање со оглед на тоа што семејството, односно родителите се примарната социјална група која има можност најрано да ги забележи, односно уочи сигналите, знаците за одреден вид надареност и талентираност. Особено е значајно рoдителите да имаат разбирање за задоволување на образовните, социо-емоционалните и други потреби на своите надарени и талентирани деца. Но, исто така, значајно е родителите да покажуваат разбирање за проблемите на нивните надарени и талентирани деца. Тие треба да покажуваат емоционална топлина, разбирање, флексибилност, поддршка за нивното академско напредување, нивото на аспирација и адекватно да се носат со нивниот (не)успех и друго.
Извор: факулети.мк
Целиот текст може да го прочитате на следниов ЛИНК
912