Воспитување

Прочитајте го ова пред да му судите на друг родител

Луѓето изгледа многу се мачат да ја држат устата затворена кога се работи за одлуките на другите родители. Авторите на „Прирачник на бунтовничката мајка за (кул) мајките“ имаат решенија. Се разбира дека осудувањето е искушувачко. Природно е за луѓето да мислат дека нивниот начин е правилниот, а дека другиот е погрешен. Но, на крајот од денот, никој од нас не знае ништо за животот на другиот, па повеќето од нашите мисли и ставови треба да ги задржиме за себе.

Правило број 1: Никој не смее да ѝ суди на друга жена за нејзиниот избор за породување

Има многу начини за да се роди дете: во болница, во базен со вода во дневна соба, под дејство на лекови (среќна поради тоа), без дејство на лекови (среќна поради тоа), без дејство на лекови (лута поради тоа) итн. Начинот на кој детето е донесено на светот не е ничија работа освен на жената што го прави тоа.

Правило број 2: Никој не смее да му суди на друго семејство за практиките за исхрана

Доењето и адаптираното млеко се одлични начини за бебињата да останат живи и црвени, што е сето она што е важно. Луѓето носат одлуки за исхраната базирани на нивните уникатни околности. Не мешајте им се во тие одлуки, никогаш.

Правило број 3: Никој не смее да му суди на друго семејство во однос на изборите за спиење

Дали ќе одлучите да спиете заедно, да спиете одвоено, или воопшто да не спиете, тоа е ваша работа и не одредува колку добар родител сте. Кога се работи за практиките за спиење, секој го прави она што смета дека е најдобро за себе, за да ја помине ноќта.

Правило број 4: Никој не смее да му суди на друго семејство за имањето деца или не

Некои луѓе сакаат едно дете. Некои сакаат осум деца. Некои не сакаат да имаат деца. Некои луѓе сакаат самите да ги одгледуваат децата. Некои сакаат да живеат во заедница и заедно да ги одгледуваат децата. Ништо од ова нема врска со вас.

Правило број 5: Никој не смее да ѝ суди на друга мајка… Никогаш

Ако некогаш се најдете во ситуација да сте во искушение да паднете во зајачката дупка на осудувања, направете чекор назад. Потсетете се дека секој постапува најдобро што може и знае и насочете ја енергијата кон нешто позитивно и корисно (сакајте го семејството и носете ги најдобрите одлуки за негова благосостојба – ова е одлично за почеток).

Автор: Александра Џесем/ Никита Стенли

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top