Воспитување

Приватните компании МОРА да ги ослободат од работа родителите заради чување на децата до 10 години

И покрај тоа што е правно формулирано како препорака, мерката да се ослободат од работа родители чии деца до 10 години нема кој да ги чува зашто се затворени градинките и училиштата до 25 март, таа е задолжителна и за приватните компании, појасни министерот за здравство Венко Филипче.

Тој појасни дека товарот ќе падне на компаниите, односно тие ќе мора да го платат ова отсуство.

– Мерката задолжително важи за сите. Ако се наметне потреба, ќе има владини мерки за финансирање – рече министерот Филипче.

Фото: Влада

Со владина мерка платено отсуство е дозволено за 1 родител на дете до 10 години (4. одделение) и на постари деца со попреченост.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top