Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис не седат само во своите клупи цел ден, туку учат за некои животни вештини кои би можеле да им користат.

Фотографии од прославата на Светскиот ден на јаболкото беа објавени на „Инстаграм“ од училиштето „Ламбрук“, на кое присуствуваат трите кралски деца. Група ученици се посветиле на собирање, цедење и јадење јаболка, а подготвиле и колач од јаболка и сок од јаболка.

Ова училиште поттикнува и други неакадемски активности.

Широкиот асортиман на активности што ги нуди вклучува часови за степување, свирење на гајда и пливање. Децата поминуваат многу време и во училишната капела, каде што неделно се одржуваат четири миси, а во сабота таму доаѓаат семејствата на учениците и некои познати говорници.

Покрај тоа, најмалите учат за важноста на одржливоста, прашање што принцот Чарлс III особено го сака. Секое одделение има своја градина, слуша за екологијата и прехранбената индустрија, а минатата година децата засадиле 300 садници за да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид. Во училиштето се сместени и зајаци, кои децата можат да ги галат за време на ручекот.

Колку чини одењето во ова училиште?

Школарината во ова училиште се зголемува паралелно со возраста на детето. Принцот Луис посетува таканаречена градинка, каде што еден семестар чини 4.389 фунти (околу 300 илјади денари). Една учебна година во Велика Британија е поделена на три дела, па родителите треба да одвојат 13.167 фунти (над 900 илјади денари) за својот најмлад син.

Третата и четвртата година се категоризираат како нижо образование и чинат 6.448 фунти по полугодие (450 илјади денари), што значи дека образованието на принцезата Шарлот чини 19.344 фунти годишно (еден милион и 350 илјади денари).

Школарината од петто до осмо одделение се плаќа по 6.999 фунти (490 илјади денари) по полугодие, што значи дека за принцот Џорџ родителите треба да издвојат најмногу пари – дури 20.997 фунти (еден милион 475 илјади денари).

Извор



912

X