Игротека

Принцот Вилијам за воспитувањето: Моите деца треба да ги видат луѓето како се борат со реални проблеми

Војводата од Кембриџ ги учи своите деца на хуманост, но и на вистинските проблеми што постојат меѓу луѓето.

Тој открива дека се обидува да ги научи своите деца за проблемите за кои се грижела и неговата покојна мајка Дајана, принцезата од Велс, особено за проблемот со кој се соочуваат бездомниците.

Гостувајќи во една британска емисија, принцот Вилијам изјави дека војвотката од Кембриџ и тој се трудат да ги научат нивните деца за бездомниците и сиромаштијата, што ги сметаат за големи проблеми на денешницата. Во текот на посетата на хуманитарната организација „Пасаж“ во Лондон, која им помага на бездомниците, принцот Вилијам и поранешната членка на жирито во британската емисија „Бејк оф“ правеле чај за загрозените луѓе. Во таа пригода се потсетил и на својата прва посета на организацијата.

 

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by HRH The Duchess of Cambridge (@katemiddleton___) on

– Тоа беше едно од првите места на кои отидов. Сигурно имав помеѓу 8 и 10 години, така нешто. Тоа силно ми влијаеше. Мајка ми знаеше што да прави со таа организација, со тие луѓе. Сфати дека е многу важно кога ќе пораснеме, особено во живот како нашиот, да знаеме дека животот се случува надвор од ѕидовите на палатата и да ги видиме луѓето како се борат со реални проблеми – рече тој.

На прашањето дали ги учи своите деца за овие проблеми, принцот Вилијам одговори потврдно, и дека кога ќе види како некој спие на улица, за тоа им кажува на децата.

– Морам да кажам дека Џорџ, Шарлот и Луис се доста заинтересирани за овој проблем. Често, како и секое друго дете, ме прашуваат зошто тие луѓе не можат да одат – нагласува тој.

Извор

Поврзани написи

To top