Неодамна слушнав една трогателна и вистинита приказна, која прво ме насмеа и ми предизвика среќа и задоволство.

Тоа е една од приказните што остануваат во меморијата многу долго, мотивираат, те тераат да застанеш за момент и да сфатиш дека си човек, дека твојот љубезен гест, насмевка, поддршка, разговор или личен пример може да промени нечиј живот, кој го крева од бездната, да му даде семе надеж, вера и да му открие дека чудата се навистина можни…

Приказната за Теодор и неговиот учител

На крајот од полугодието, наставничката и одделенската наставничка од една од паралелките од петто одделение одржале родителска средба на која ги прочитале оценките за секое дете, како и белешки од книшките од сите претходни одделенија. Бидејќи Тео бил еден од полошите ученици, таа го оставила за крај за прво да ги пофали добрите и успешни деца и на крајот да ги прекорува и критикува „лошите и неуспешните“.

Тео на полугодие имал единица баш кај класната затоа што таа мислела дека тој е во лоши односи со другите деца, немал концентрација, кога и да го повикала, не можел да одговори, секогаш бил некако изгубен, но барем бил љубезен, ако тоа воопшто нешто значи.

Кога ја отворила книгата од прво одделение, ги прочитала следните согледувања од неговата наставничка: „Тео е добро дете, многу фин, добро се однесува, децата го обожаваат, има одлични оценки по сите предмети и јас сум многу задоволна со него.”

Кога ја отворила книгата од второ одделение, ги прочитала следните забелешки: „Тео е добро дете, но отсутен е, понекогаш заборава да ја заврши домашната задача, мајка му е во терминална фаза на болеста, веројатно е тешко да се живее и расте во такви услови“.

Кога ја отворила книшката од трето одделение, ги прочитала следните согледувања: „Тео е добро дете, тешко ја поднесува смртта на мајка му, татко му не е многу често дома, не успева во речиси сите предмети, тој е некако отфрлен од општеството, често е осамен и размислува“.

Кога ја отворила својата книга за четврто одделение, прочитала: „Тео е фино и добро дете, изгледа изгубен, често спие на час, не се дружи со никого“.

Веднаш на крајот од таа средба, откако ги поделија книшките, децата им подарија подароци на наставниците за Нова година, сите подароци беа завиткани со украсни хартии и срца, само подарокот од Тео беше несмасно завиткан во обична кафена хартиена кеса од локалната продавница, дури и полуотворена. По сѐ што прочитала, сфатила дека не го ни познава многу, тешко ѝ било да го отвори подарокот пред другите деца, бидејќи знаела дека ќе го исмеваат. Кога го отворила, видела дека има спакувано алка од камења, каде што недостигале 3-4 камења и шише со парфем во кое останала само една третина.

Сите деца почнале да се смеат и да го задеваат поради грдата алка и празното шише парфем. Веднаш ја ставила алката на раката и му кажала на класот дека ѝ се допаѓа алката и си ставила парфем на зглобот и рекла дека многу убаво мириса. Таа му се заблагодарила и му рекла дека тоа е еден од најубавите подароци што ги добила. Кога завршил тој ден на училиште, Теодор ја чекал наставничката пред училиштето и ѝ рекол: „Ти си најдобрата учителка што ја имав и денес мирисаше исто како мајка ми“.

Кога отишла дома, плачела со часови, па решила да престане да се занимава со математика, задачи и бројки и да почне да се занимава со децата и нивното образование. Во текот на следните неколку години таа му се посветила колку што можела повеќе, дури и отишла кај него за да му помогне со други предмети. Основното училиште го завршил како еден од најдобрите во своето одделение.

По 4 години добила писмо од Теодор во кое пишувало: „Завршив средно училиште, ти благодарам за сѐ, сепак мислам дека си најдобрата учителка што сум ја имал“.

По неколку години добила уште едно писмо: „Се запишав на факултет, многу е тешко, не успеав првата година, но решив да не се откажувам, како што ме научи, сепак мислам дека си најдобрата учителка што сум ја имал“.

По 5 години добила ново писмо: „Учителке, сакав само да ве известам дека завршив факултет, станав доктор и еден од најуспешните во мојата група. Ви благодарам за сè, сепак, мислам дека си најдобрата учителка што сум ја имал“.

Многу брзо добила уште едно писмо: „Сакав да ве известам дека запознав прекрасна девојка и ќе се оженам, татко ми почина пред неколку години и би сакал да дојдете на свадбата и да седнете на местото каде што требаше да седи мојата мајка“.

Учителката отишла, на раката ја ставила алката што ја добила пред повеќе од 10 години и ставила од парфемот што ѝ го дал бидејќи знаела дека тоа многу ќе му значи. Кога се сретнале, Теодор ѝ рекол:

„Би сакал да ви се заблагодарам за сѐ што направивте за мене, ми покажавте дека и покрај тешкотиите во животот, можам да направам разлика, да верувам во себе и да го постигнам она што го сакам.“

Таа му одговорила:

„Не, Тео, сè погрешно разбра, ти беше тој што ми покажа дека можам да направам разлика, не знаев како да се однесувам со децата и да им создадам вредности додека не те запознав тебе. Ти благодарам за сѐ!“

Автор: Неделко Рвовиќ

Извор



912

X