При крајот од декември децата од целиот свет составуваат список со желби и му ги праќаат на дебелиот дедо што живее на Северниот Пол и носи необичен црвен костум. Општо е познато дека Дедо Мраз е инспириран од христијански светец, но не и како прочуениот епископ стана симбол на Божиќ.

Свети Никола живеел на крајот од третиот и почетокот на 4 век во Мала Азија, каде што бил епископ на Мира Ликиска.

Бил познат по својата великодушност – како младич ги изгубил двајцата родители и го наследил нивното богатство, па со задоволство им помагал на сиромашните. Постојат многу легенди за неговиот живот, а една од најпознатите е приказната за тоа како св. Никола го започнал обичајот што денес е многу застапен во поголемиот дел од светот, особено во западната култура: закачување чорапи во кои се кријат подароци. Наводно, една вечер св. Никола Чудотворец низ оџакот на куќата на едно сиромашно семејство фрлил ќесе полно со злато. Тоа паднало точно во чорапот што бил закачен над огништето за побрзо да се исуши.
Поради својата скромност, го молел човекот што една вечер го забележал никому да не ја открива неговата тајна, но оваа приказна не останала долго скриена.

Приказна за настанокот на Дедо Мраз

Во 6 век легендите и обичаите поврзани со св. Никола во Северна Европа биле сè помалку застапени и влијателни. Меѓутоа, некој мораше да ги испорача подароците наменети за најмалите, па на територијата на денешна Велика Британија и Северна Ирска (особено денешна Англија), користен е лик од старите приказни наречен „Отец Божји“.

Слично било и во Франција, каде што е наречен исто – Père Nöel.
Во Германија е наречен Христкинд и бил прикажуван како бебе со златна коса, симбол на новородениот Исус Христос.

Набрзо по основањето на САД, доселениците го споменувале како Крис Крингле, а холандските имигранти во Америка ги ширеле старите приказни во кои Крис Крингле и св. Никола се уобличени во еден лик – Синтерклас и подоцна Санта Клос. Во децениите што следувале тој бил нарекуван на различни начини, но легендата за постар човек со големо срце кој подготвува најубави подароци за добрите деца се задржала.

Изгледот на Дедо Мраз

Честа е заблудата дека костумот на Дедо Мраз во црвено-бела боја потекнува од реклама за еден популарен бренд. Многу пред да биде направен познатиот пијалак, св. Никола е прикажуван во облека во црвена боја. Во викторијанската доба тој бил сликан во зелени, црвени, сини и кафеави одежди, но црвената боја била најзастапена.



912

X