Воспитување

Приказната што ќе ве стопи. Љубовта кон мајката опишана преку две јаболка

Прекрасно малечко девојче држело две јаболка во двете раце. Нејзината мајка дошла и со насмевка ја прашала својата ќерка:

„Душичке моја, дали можеш да ѝ дадеш на мама едно јаболко?“

Девојчето ја погледнало својата мајка, а потоа наеднаш ги гризнало двете јаболка. Мајката почувствувала како ѝ замрзнува насмевката на лицето. Таа се обидела да не го прикаже своето разочарување. Потоа малото девојче ѝ подало едно од јаболката на мајка си и ѝ рекло:

„Мамичке, повели. Ова е послаткото“.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top