Откако ќе добијат ќерки, сите жени откриваат колку е посебна и силна таа врска, но една мајка го „знаела“ тоа уште додека била бремена. Прочитајте ја емотивната приказна на Кејт Швајцер.
„Пред да почнам, сакам да ве предупредам: ова не е уште една од оние приказни за тоа колку сум сакала да имам девојче, но кога сум дознала дека сум бремена со момче, сум плачела со недели и на крајот сум открила дека да имам син е најубавото нешто што можело да ми се случи. Не – ова е приказна за тоа колку сакав ќерка и како на крајот го добив токму тоа што го посакував.
Пред повеќе од една година, кога дознав дека сум бремена, првото нешто што го помислив по почетниот шок кој траеше околу една минута беше: Мора да е девојче!
Во неделите што следуваа мојата желба да бидам мајка на девојче уште повеќе се зголеми. Превентивно ги барав оние стари методи за одредување на полот на интернет, за да откријам и да бидам сигурна дека во мене расте бебе од понежниот пол.
Во меѓувреме вешто ги криев моите желби од другите. Кога некој ќе ме прашаше дали би сакала да родам девојче или момче, јас обично одговарав дека не ми е грижа.
-Ох, немав ни време да размислувам за тоа
или
-Не е важно, само да е живо и здраво.
Но, тогаш дојде тој голем ден – 20. недела од бременоста, кога конечно ја открив вистината на ултразвук. Кога гинекологот ми кажа дека го знае полот на бебето, почувствував како нешто да ми зуи во главата. Во тој момент помислив што ќе се случи ако не го добијам одговорот на кој се надевав, како да го сокријам разочарувањето и да го преболам тој факт. Сепак, докторката ми ја прекина најдолгата минута во животот и ми рече:
-Ќе имаш девојче.
Не можев да се воздржам – Тоаааа! Само што ми излета олеснувањето од уста, како кога освојуваш првенство на спортски натпревар. Мојата докторка беше зачуден:
-Леле, сигурно навистина ти се допаѓа розовата боја.
Нејзиниот дрзок став ме навреди. Ако сакам девојче, значи дека сум љубител на еднорози и фустани покриени со срца и цвеќиња? Навредена сум од ваквото генерализирање и воопшто родовите стереотипи. Како прво, воопшто не сум многу женствена – не ја сакам розовата боја, не уживам да ја средувам косата на моите пријателки, не сум воодушевена од принцезите на Дизни…
Па зошто толку навивав да биде девојче?
Почнав да се грижам. Моето најголемо уметничко достигнување е фотогалеријата што ја создадов на платформата Пинтерест. Не би знаела како да ја научам ќерка ми да шие бидејќи никогаш не сум пробала. Јас сум една од оние жени кои во најдобар случај можат само да зготват нешто, внимателно следејќи ги упатствата на семејните рецепти. Од друга страна, да очекував и да се надевав дека ќе имам момче, ќе беше исто – безнадежна сум во спортските дисциплини.

Никогаш не можев да одговорам на прашањето зошто ми е толку важно да имам ќерка додека не ја видов првпат. Дури тогаш сфатив дека да се биде мајка на мало девојче за мене значи оживување на моето детство. Гледањето на ќерка ми како расте во исто време ми овозможува да се навратам на моите одамна заборавени спомени. Го преживувам секој нејзин првпат. Тоа што имам мало девојче, исто така, многу ми помогна да го зајакнам мојот однос со мајка ми уште повеќе. Значи, кога ќе ја нема, ќе живее преку нас две.
Ќе бидам тука за неа. За ќерка ми ќе бидам истото она што беше и мојата мајка за мене. И на крај, секогаш ќе ја имам својата најдобра пријателка.
Затоа, сега едвај чекам да стане девојка…