Воспитување

Причини зошто разводот ме направи подобар родител

„Знам дека сега не можеш да го видиш тоа, но на крајот ќе ги цениш ноќите кога си сама без своите деца“ – ми рече мајка ми кога се разведував од сопругот. И беше во право. Тогаш не го сфаќав тоа, но навистина ги ценам оние моменти кога децата се кај татко им. Во текот на разводот се договарате за времето кое секој родител го има со децата, па тешко е да се биде позитивен. Но, што и да му се случува на човек, има некаква смисла и секогаш постои позитивна страна. А поради овие 13 причини, разводот ме направи подобар родител:

Додека бев во брак често им се препуштав на тагата и лошите чувства

Поради тоа, нашиот дом не беше среќно место. Копнеев по пауза, се жалев на пропустите на сопругот и се чувствував оптоварена што морам самата да се грижам за децата. Кога конечно се разведовме, сфатив колку е родителството всушност скапоцено и минливо. И одлучив времето што го имам со децата да не го исполнувам со ситничарење, бес или разочарување.

Ги обожавам паузите

Моите деца се со татко им во вторник навечер и секој втор викенд. Тоа време го користам за надоместување на сонот, гледање со пријателите, за работата и за вежбање, кога ќе се вратат дома 24 часа подоцна, освежена сум и возбудена што ги гледам.

Кога сум со децата, фокусот е на нив

Никогаш не вработувам дадилки бидејќи имам разработен систем на излегувања на состаноци со мојот сегашен сопруг кога децата се кај нивниот татко. Секоја година мојот сопруг оди две недели на одмор со децата, а во текот на зимските и пролетните распусти дел од времето се кај него, па добивам многу послободно време за патување и излети.

Поодморена сум и полна со енергија – нешто што моите деца јасно го чувствуваат

Знаат дека правам работи за себе – додека не се тука, одам на педикир, се гледам со пријателите, одам на курс по јога. Ова испраќа порака дека и родителите се луѓе со сопствени интереси и желби кои не се врзани за семејството и децата.

Не глумам маченик кога сакам да направам нешто

Времето кога сум сама со новиот сопруг го користам за остварување мали желби и соништа, како веслање на реката. Секој вторник и четврток навечер одиме да весламе, а во четврток ги земаме и децата со себе, како и мноштво друштвени игри за да се забавуваат додека ние двајца уживаме во своите активности.

Развив сопствени интереси и таленти

И нив ги поттикнав да си најдат хоби.

Децата се на прво место

Кога се со мене, ласерски сум фокусирана на нив. Слушам подобро отколку пред разводот, имам време да бидам еден на еден со секое дете и го планирам својот распоред околу нив. Всушност, никогаш не ми е потребна поголема пауза бидејќи разводот ми обезбеди доволно време за себе.

Подобро го проценувам карактерот на луѓето

Разводот ме научи дека како самохрана мајка не можам да излегувам со кого било. Имав 3 деца кои ми беа на прво место и не ми паѓаше на ум да доведам маж кој неодамна сум го запознала во нашиот дом. Многу внимателно одбирав со кого излегував. Секое поврзување со мене и маж подразбираше и поврзување со моите деца, кои беа и останаа мој приоритет.

Се омажив за човек чиј главен приоритет е исто така неговото дете

На мојот сопруг ќерка му му е исто така приоритет во животот. А тоа ја прави нашата љубов уште посилна бидејќи мојот цел свет не зависи од него, а ниту неговиот од мене. Ние сме пар кој се состои од две целини со јасни приоритети, а се сакаме без чувство на зависност.

Станав независна

Сфатив дека не ми треба партнер за да бидам добар родител и дека кога децата се кај таткото, и понатаму сум добар родител. Требаше да научам самостојно да донесувам одлуки, а со самото тоа создадов и самодоверба и чувство на сигурност во себе. Исто така, научив да гледам на моите деца како на посебни личности одвоени од мене, кои исто како и јас, мораа да се навикнат на новонастанатата ситуација. Научив дека е во ред да не сме постојано заедно, да имаат свое време и да се независни. Моите деца се поспособни и посилни. Без проблем се движат меѓу двата дома. По разводот отворено разговарав со своите деца за многу работи и понатаму внимавајќи да имам авторитет.

Морав да кажам „не“ на некои екстравагантни работи поради мојот буџет на самохран родител

Но, ги научив моите деца да управуваат со парите и да прават разлика помеѓу потребите и желбите.

Си дозволувам да бидам тажна пред децата, така што знаат дека е во ред понекогаш да се чувствуваат не толку среќни

Си простувам кога ќе ја зафркнам работата, така што сфатија што значи да се биде човек. Кога се чувствувам како лош родител, им се извинувам. Сепак, тие се мои пријатели за цел живот. Во нашиот однос нема „прави како што ти реков“, туку „живееме заедно“. Дали ќе го постигнев тоа ако не се разведев? Се разбира, но не бев на тој пат. Во првиот брак бев фокусирана на себе и станав родител бидејќи тоа сакав да бидам.

На крајот се разведов бидејќи сфатив дека ако сакам да ги научам моите деца да бидат во здрава врска, мора да им го покажам тоа со пример. Се разведов за да им покажам како да бидат возрасни лица кои се независни, среќни и со самодоверба. За возврат, станав родител каков што отсекогаш сакав да бидам.

Автор: Лин Мередит Голоднер

Извор

Поврзани написи

To top