Пристигна есента, а ако сте случајно во последното тримесечје од бременоста во ова прекрасно годишно време – честитки! Сите безброј пати сме слушнале дека бременоста е волшебна во секое време од годината, но поради овие шест причини, есента дефинитивно има предност.
Време за хеланки
Ах, хеланките! Тој волшебен дел од облеката што можете да го носите без разлика колку килограми добивате или губите. Веројатно дури и не мора да купувате специјални труднички хеланки, туку само да продолжите да ги носите оние што ги имате! Хеланките се удобни, евтини, лесни за одржување и комбинирање, ги покриваат сите видливи вени што се појавуваат за време на бременоста и, најважно, не можете да згрешите со изборот на добри хеланки.
Нема горештини
Летото заврши, а со него и големите жештини и, зависно од тоа каде живеете, и големата влажност. Сето она што летото го прави неподносливо, особено за трудниците, во есен го нема, а сепак надвор е убаво и пријатно. Есента носи пониски температури, свеж ветер и генерално олеснување од потење и метежи.

Не морате да се грижите за зимски капут
Ако сте во последното тримесечје во зима, неизбежно е да почнете да размислувате за капут, бидејќи големи се шансите старото да не ви стои како обично, односно да не можете да го закопчате. Но, ако последното тримесечје го поминувате во есен, капутот воопшто не ви е потребен. Можете да уживате во големи џемпери, блузи и тенки јакни.
Не морате да се „мачите“ со костим за капење
Пронаоѓањето костим за капење во кој ќе се чувствувате удобно во последните месеци од бременоста може да биде вистинска мака, да не зборуваме за мокриот костим и пресоблекувањето, особено во бременост.
Есента е најдобро годишно време
Убаво време – ни многу топло ни многу студено. Збогум комарци. Шарени бои. Долги прошетки. Костени и други есенски плодови. Удобна облека. Ќебе и чај.