Игротека

Причини зошто е добро да се биде трудница во лето

Бременоста во летните месеци може да звучи како нешто што е тешко подносливо, но си има и свои предности. Некои од нив се очигледни, а некои сигурно не ви ни паднале на памет.

1. Одлично време за вежбање на отворено

Има ли нешто подобро од шетање и пливање во друштво со пријателите? Одењето е една од најдобрите форми на вежбање во текот на бременоста, а им се препорачува на сите жени без разлика на кондицијата и степенот на бременост. Треба да се носат удобни чевли и да се пијат многу течности, според препораките на експертите.

2. Во лето има разновидно овошје и зеленчук

Поради топлото време, трудниците сакаат почесто да јадат студена и здрава храна, како овошје и салати. Сето тоа е преполно со витамини и хранливи материи важни за развој на бебето.

3. Сонце = витамин Д

Иако е важно да не се изложувате премногу на сонце и да нанесувате заштитен крем, добро е и малку да се впијат сончеви зраци. Недостигот на витамин Д е многу чест за време на бременоста и е поврзан со зголемен ризик од заболувања, како на пример дијабетесот.

4. Облека

Без разлика дали ќе одберете памук, лен, обична маичка или панталони, едно е сигурно – облеката нема дополнително да ве спречува во извршувањето на активностите. Но, претпоставуваме дека најмногу време поминувате во лесен летен фустан, па постои ли нешто поженствено од таков изглед?

5. Пијалаците се едноставни и вкусни

Во текот на бременоста е важно да се пијат доволно течности, но тоа е уште поважно во текот на летото. Безалкохолните коктели се добредојдени, студени и полни со овошје.

6. Одмор

Летото е време на одмор, но и вистинско време да побегнете некаде со својот партнер и да се одморите пред да станете родители.

Поврзани написи

To top