Воспитување

Претстави на Театарот за деца и младинци секоја недела напладне на МРТВ

Театарот за деца и младинци од Скопје ќе прикажува дел од претставите од својот репертоар секоја недела во 12 часот на МРТВ.

– На овој начин сакаме да придонесеме во дружeњето со нашата верна публика, додека седиме дома, а воедно да го означиме нашиот 30. јубилеен роденден, кој го одбележуваме на 25 март – велат од детскиот театар.

Прва претстава со која ќе почне серијалот претстави е „Убавицата и ѕверот“ во режија на Димитар Христов, која е најгледана претстава во тридецениската историја на овој театар.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top