Секое дете има одредени емоционални потреби и доколку тие се исполнети тогаш ќе се дефинираат и усвојат многу здрави и позитивни навики
Дали мислите дека им правите услуга на децата со тоа што негувате хиперзаштититнички стил на родителство? Не. Доколку сте премногу грижливи тогаш треба да бидете свесни и за психолошките последици кои може да ги предизвикате кај вашите деца, а тие да ги следат низ целиот живот.
Истражување на Лондонскиот колеџ покажало дека повеќето несреќни возрасни лица се токму оние кои имале поприсутни и грижливи родители, кои не успеале да ги почитуваат нивниот раст и развој, како и постигнувањето на нивната независност.
Константна психолошка контрола врз децата може да ја лимитира нивната независност и да создаде чувство дека се помалку способни за да го организираат нивното однесување и функционирање, зависно од ситуацијата.
Окупација на приватноста на децата или донесување одлуки наместо нив може да доведе до создавање на поголема зависност од двајцата родители. Резултатот е дека децата развиваат помалку чувство за себе и се помалку независност во одлучувањето.
Родителот не треба да заборави дека детето има потреба од љубов, разбирање, почит и внимание без разлика на тоа дали е послушно или непослушно, активно или пак повлечено
Од родителите не се бара да бидат целосно исклучени, туку да бидат присутни со одреден степен на одговорност.
Родителите се од витално значење за менталната благосостојба на идните генерации.
Како да ја пронајдете вистинската мера за посветеност
Посветени родители се оние родители кои имаат постојан дијалог, поминуваат квалитетно време со своите деца и се вклучуваат во заеднички активности со читање нa книги, игра, дискусија за важни работи и се она што подразбира и влијае позитивно во светот на децата за тие знаат јасно да ја видат потребата што ја имаат, да ја соопштат и да сфатат дека родителите се секогаш блиску до нив.
Посветени родители имаат чувствително однесување кон детето, претпазливи се и толерантни, го подржуват своето дете да истражува, го смируваат во одредени ситуации, формираат силен и доверлив сојуз.
Најдобар е посветениот и среќен родител
Со демократски стил на родителство се создаваат вистински услови за децата да стекнат способност да се насочат и да се контролираат себе си, да учат да стануваат одговорни, и да преземаат одговорност. Родителите треба да ги поддржуваат децата во школувањето и да водат сметка за сите нивни потреби поврзани со училиштето, а треба да се сфатат и дека детето има потреба од подршка, безбедност, посветеност и развој на психофизички вештини.
Позитивни чувства за позитивно однесување
Секое дете има т.н. емоционален резервоар и тој можеме да кажеме дека е многу реален. Тоа значи дека секое дете има одредени емоционални потреби (љубов, разбирање, почит, внимание) и доколку тие се исполнети тогаш ќе се дефинираат и усвојат многу здрави и позитивни навики.
При одредена постапка, родителот одредува како детето ќе се чувствува, дали ќе биде задоволно, луто, очајно или весело. Тој не треба да заборави дека детето има одредени емоционални потреби без разлика на тоа дали е послушно или непослушно, активно или пак повлечено.
Колку е побогат емоционалниот резервоар на детето, тоа толку повеќе позитивни чувства ќе акумулира и однесувањето ќе биде подобро.
912