Игротека

Преслатко видео: Малото девојче чиј дедо ја научил на трик за 10 минути насмеа многумина

Кортни Харвин од Флорида на својот инстаграм-профил споделила слатко видео од нејзината ќерка додека ја чувал нејзиниот дедо. Таткото на Кортни ѝ испратил видео во кое се пофалил дека успеал да ја научи својата внука на нов симпатичен трик за краткото време што го поминала со него.

Имено, слаткото девојче научило да прави специфично движење кога дедото ќе го изговори зборот „карате“. Во тој момент малото девојче ја подигнало едната нога во воздух како подготвено за напад, а дедото не можел, а да не го сними нејзиното слатко однесување.

Во продолжение погледнете ја целата слатка сцена.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top