Забава

Преслатко видео: Куче свиткано како новогодишен подарок

Кучињата им се омилени миленичиња на многумина, не само за Божиќ. Сепак, едно домашно милениче станало вирално откако било свиткано како подарок. Видеото е објавено е на „Тик-ток“ од Скот Хабард.

Започнува со Хабард кој фрла ролна украсна хартија, црвени конфети и лента на килимот.

Потоа се гледа мало куче кое седи на кауч мрдајќи ја главата со збунет поглед. Следно, камерата се насочува кон човекот кој ја витка украсната хартија околу малото куче, пред да ја стави панделката на главата од кучето. Резултатот е спакувано куче како подарок со пресладок израз, подготвено за под новогодишна елка.

Во описот Хабар пишал: „Време е.“

Многу луѓе го преплавиле делот за коментари со свои мисли за смешното видео. „Јас сум подготвена да го примам овој подарок“, „Мислам дека вашето куче е чудно – едноставно дозволи да го спакувате“, „Најдобриот и најслаткиот подарок“, „Колку среќно и слатко кученце“, се нижат коментарите.

Автор: Лидија Велјановски

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top